Замислете го Путин како лежи на крзно од поларна мечка кое претходно со една рака го оттргнал од неа и се смее на секојдневните придавки на НАТО, кои без престан пристигнуваат на негова сметка.Потоа, генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен се јавува дека ќе испрати 4.000 трупи кои ќе им помогнат на Украинците. Тука веќе може да се надеваме дека најдобрите доктори од Кремљ ќе бидат во фаза на приправност, за да му помогнат на Путин да не се повреди од смеење.
Да тргнеме од самиот почеток. Со оглед на тоа дека членките на НАТО веќе имаат загарантирана заштита, некој навистина ќе очекува дека тој гест ќе беше изразен во малку поголеми бројки. Да бидеме реални, што може да направи таа единица?
Ова е само еден гест на очај, знак – но, не на сила, туку оној кој ќе му покаже на светот дека нешто не штима со најголемата светска алијанса.
Веруваме дека ќе се појават многу излагања во јавноста кои ќе му честитаат на НАТО за овој потег и кои ќе содржат нота на закана кон Путин. И повторно ќе се објавуват мерки на санкции, а магичниот круг никако нема да може да се прекине.
Но, Путин како да се има навикнато да молчи и да набљудува од страна.
Зошто воопшто се крева толкава прашина околу Крим, кој без никакви претходни крвопролевања и на демократски начин побара независност од Украина? Да бидеме искрени, сведоци сме на многу такви одвојувања на покраини, кои со војни ја заработиле слободата.
Но, да се вратиме на ситуацијата. Путин и тоа како е свесен дека моќта на овие преговори лежи во силата.
Путин има две солидни причини да верува дека околностите се на негова страна. Прво, тој кристално јасно знае дека сојузниците на САД и ЕУ немаат баш силна волја да му се спротивстават. Тој сепак ги тестираше од време на време – во Грузија, Украина, Сирија… тие негодуваа, но не преземаа конкретни акции. И да бидеме искрени, на нив не им е гајле што се случува во Грузија, Украина или Сирија.
Второ, НАТО секогаш ја покажува силата врз земјите кои немаат средства да се спротивстават. А Русија не спаѓа во таа категорија.
Путин е само мамец за одвлекување на вниманието од вистинската причина за стравот на НАТО. Во светот постојат посериозни закани: ширењето на исламскиот екстремизам предизвикува дестабилизација на глобално ниво. Иако НАТО ги нема силите за да се справи со екстремистите кои ги убиваат нивните припадници, ниту ЕУ не заостанува зад нив.
Европската Унија има недостаток на волја, култура и механизми за создавање на цврста надворешна политика.
Како последица на сето тоа, Путин може да ужива во шоуто на НАТО кое е полно со диверзии. Некои може да го нарекуваат ладнокрвен и да го прават „луд“ во ова сценарио, но гледајќи ги моменталните потези на поделената и неорганизирана алијанса, тој знае дека кога станува збор за спротивставувањето на НАТО за ситуацијата во Украина, шансите на НАТО да победи се цврсти како кула од карти.Потоа, генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен се јавува дека ќе испрати 4.000 трупи кои ќе им помогнат на Украинците. Тука веќе може да с