Совет на ЕУ: Позитивна оценка за изборите

Советот за општи работи на Европската унија, денеска во Брисел ќе го усвои пакетот за проширување на Европската комисија и ќе донесе заклучоци за Самитот на Европскиот совет закажан за в четврток, јави дописникот на МИА од Брисел.Позитивна оценката, и според извештајот на ОБСЕ/ОДИХР на предвремените парламентарни избори, е клучна за Република Македонија во однос на нејзиниот статус во европските интеграции.
Сето ова може да се забележи од драфт-заклучоците за Македонија за претстојниот Самит на Европскиот совет, што ќе се одржи идната недела, а кои се донесени на работните тела на Советот на Европската унија и денеска само треба да се усвојат од страна на министрите за надворешни работи на земјите-члени на ЕУ, а до нив дојде МИА.
Во однос на Република Македонија и кандидатскиот статус на членство во ЕУ на државата, Советот најпрво го потврдува својот заклучок од декември 2015 година, на посветеноста на ЕУ во рамките на Солунската агенда и кандидатскиот статус на Република Македонија. Во тој поглед, „Советот ја повторува својата недвосмислена посветеност на процесот на пристапување во ЕУ на БЈР Македонија“.
– Советот го поздравува договорот постигнат од страна на политичките лидери на 20 јули 2016 година за понатамошна имплементација на договорот од Пржино. По одложувањето на планираните избори за април и јуни, важни одлуки беа донесени на 31 август 2016 година, што го отворија патот за организирање на предвремени парламентарни избори на 11 декември 2016 година. ЕУ повика изборната кампања и изборите да се спроведат на веродостоен начин, во согласност со меѓународните стандарди и со препораките на ОБСЕ/ОДИХР, што е и потврдено во неделата со мирни избори, се наведува овој заклучок на Советот.
Во драфт-заклучоците, Советот ја повторува својата сериозна загриженост во врска со продолжувањето на политичката криза во Македонија и нотира дека „само делумно е спроведен договорот од Пржино“, па повикува на политичка волја за да се обезбеди „целосно, материјално и одржливо спроведување на истиот“. Исто така, Советот забележува дека „земјата продолжува да страда од поделби на политичката средина, поларизацијата и недостаток на култура на компромис, со назадување во важни области како што се функционирањето на судството, кое треба да биде дозволено да функционира независно“.
Советот ја повторува и важноста од темелна и независна истрага, без пречка, од обвинувањата за прекршоците од скандалот со прислушувањето, а поврзани со неуспесите на надзорот. Во тој поглед, Советот на ЕУ потсетува на важноста на мандатот и работата на Специјалниот обвинител и на Парламентарниот комитет за истрага, во однос на правна и политичка одговорност за прислушувањето.
– Советот бара од надлежните органи да обезбедат безрезервна поддршка на независно функционирање на тие тела и жали поради немањето на соработка до денес. Во овој контекст, Советот инсистира на тоа дека на Специјалниот обвинител и нејзиниот тим мора да им биде дозволено да ја завршат својата работа непречено и повикува да им се дадат услови и времето потребно да се заврши нивната важна работа. Важно е да се врати довербата во националните институции, гласи овој драфт-заклучок за Македонија.
Евросоветот, исто така, го повтори својот повик на сите политички партии во Македонија, вклучувајќи ги и оние што ќе ја формираат идната влада, да преземат одговорност и да ја почитуваат нивната обврска да се спроведат итните реформски приоритети за решавање на системското владеење на правото, вклучувајќи и во однос на прекршувања на основните права, независноста на судството, слободата на медиумите, изборите, корупцијата, политизација на државните институции и замаглувањето на државата и партијата и неуспесите за надзор.
Со цел да се проценат системските неуспеси во областа на правдата, корупцијата, основните права, и внатрешните работи, како што се гледа во приоритетите за итна реформа, Советот ја поздравува „намерата на Еврокомисијата да продолжи со внимателно следење на овие области“.
– Новата влада треба под итно, како прв приоритет, да ги реши заостанатите реформи, вклучително и приоритетите за итна реформа, за доброто на земјата и нејзините граѓани, а со цел да ја врати државата на својот европски пат. Советот ја признава и ја охрабрува конструктивната улога на граѓанското општество во поддршката и унапредување на демократските процеси, се наведува во драфт-заклучокот.
Советот потсетува во заклуоците и „на важноста од добри меѓуетнички односи“ и нагласува дека „задоцнетата ревизија на Охридскиот рамковен договор треба да се заврши од страна на новата влада, најрано што може, на инклузивен и транспарентен начин, како и да се спроведат тие препораки“.
Како што е утврдено во претходните заклучоци на Европскиот совет и на Советот на ЕУ, одржувањето на добрососедски односи, вклучувајќи и постигнување на взаемно прифатливо решение за прашањето за името, под покровителство на Обединетите нации, според драфт-заклучоците останува од суштинско значење. Во оваа смисла, Советот забележува позитивност во соодветната обврска од страна на главните лидери на политички партии, според договорот Пржино и повикува на неговата итна имплементација.
– Постои потреба да се донесат долготрајните разговори за прашањето за името до дефинитивен заклучок без одлагање. Советот го поздравува фактот дека мерките за градење доверба почнаа да даваат видливи резултати. Активностите и изјавите што негативно влијаат на добрососедските односи треба да се избегнуваат. Советот забележува продолжување на високо ниво и стручни контакти меѓу БЈР Македонија и Република Бугарија, чија цел е зајакнување на добрососедските односи, па очекува и нивен навремен пренос кон конкретни резултати, се вели во овој клучен заклучок за Македонија.
На крајот во драфт-заклучоците за Македонија, Советот позитивно го зема предвид тоа дека Европската комисија е подготвена да ја достави својата препорака за отворање на пристапните преговори со Република Македонија, со услов за напредок во спроведувањето на договорот од Пржино и значителен напредок во спроведувањето на итните реформски приоритети.
– Советот ќе се наврати кога тоа е соодветно на БЈР Македонија, вклучувајќи и врз основа на ажурирање од Комисијата, откако ќе биде постигнат доволен напредок за овие прашања, во согласност со претходните заклучоци на Советот и воспоставената условеност, се наведува на крајот во драфт-заклучоците за македонската држава.
Во генералните заклучоци за процесот на проширување, пак, Советот наведува дека и покрај предизвиците на животната средина, Советот ја потврдува својата посветеност на проширувањето кое останува клучна политика на Европската унија, во согласност со обновениот консензус за проширување, одобрен од страна на Европскиот совет на 14 и 15 декември 2006 година и заклучоците на Советот од 15 декември 2015 година. Проширувањето, како што ќе биде наведено во генералниот заклучок, претставува стратешка инвестиција во мирот, демократијата, просперитетот, безбедноста и стабилноста во Европа.
– Советот продолжува да придава големо значење на кредибилитетот на процесот на проширување, што останува од суштинско значење за одржување на моментумот на реформите. Ги охрабруваме партнерите да покажат подготвеност и да ги прифатат неопходните реформи во интерес на својот народ. Во согласност со Солунската агенда, Советот ја повторува недвосмислена поддршка на ЕУ на европската перспектива на земјите од Западен Балкан, се наведува во генералниот драфт-заклучок.
Во согласност со претходните заклучоци на Советот и во рамките на политичките критериуми од Копенхаген и од Процесот на стабилизација и асоцијација, што останува заедничка рамка за односите на Брисел со земјите од Западен Балкан, Советот ќе ја потврди потребата, во согласност со обновениот консензус за проширувањето, за фер и ригорозни услови и начело на сопствени заслуги, во комбинација со капацитетот на ЕУ, во сите негови димензии, за интегрирање на нови членки.
Советот ќе потсети и на важноста од стратешка комуникација за да се обезбеди јавна поддршка и разбирање на придобивките и обврските на проширувањето, како и решавање на дезинформации. Советот ќе ја нагласи одговорноста на партнерите од Западниот Балкан и Турција јасно да комуницираат за тие бенефиции и обврски, како и за вредностите и европските перспективи.
– Советот ги поздравува Турција и земјите од Западен Балкан, особено Србија и БЈР Македонија, за нивните напори и конструктивна соработка во решавањето на кризата со миграцијата, која, заедно со спроведувањето на договорот на ЕУ и Турција, донесе јасни резултати. Трајно стабилизирање на ситуацијата бара континуирано спроведување на договорот ЕУ – Турција и континуирана поддршка на партнерите по должината на трасата на Западниот Балкан. Потребни се понатамошни чекори за остварување на административниот и извршниот капацитет и за борба против криумчарење на мигранти. ЕУ ќе продолжи со финансиска поддршка и техничка помош за зајакнување на соработката во оваа област, се вели во драфт-заклучокот.
Но, и продолжување на ангажманот на земјите од ЕУ и земјите во спроведувањето на поефикасна јавна комуникациска политика кон регионот и граѓаните на ЕУ е исто така клучна за Советот, па тој дава позитивна забелешка за остварената стратешка комуникација во Западниот Балкан и Турција со Европската комисија и Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС) и засилените напори и активности.
Исто така, Советот повторно ќе нотира дека добрососедските односи и регионалната соработка се основните елементи на процесот на проширување, како и на Процесот за стабилизација и асоцијација. Во тој поглед, Советот ќе го поздрави позитивниот развој во Југоисточна Европа и кај земјите од Западен Балкан во однос на регионалната соработка, особено актуелното поврзување во регионот меѓу себе и со ЕУ, вклучително и на агендата на поврзување, како и напорите во насока на обезбедување поголема кохерентност меѓу различните регионални иницијативи.
– Тероризмот и радикализацијата и понатаму претставуваат безбедносна закана за ЕУ и за целиот регион. Во согласност со заклучоците на Европскиот совет од 18 декември 2015 година, Советот потсетува на важноста на надворешната димензија на работата на Европската унија во борбата против тероризмот и за понатамошно зајакнување на соработката во борбата против тероризмот со Турција и со земјите од Западен Балкан, особено во однос на борбата против странските терористички борци, финансирањето на тероризмот, борба и спречување на радикализацијата, засилени гранични проверки и илегалната трговија со оружје, посочува Советот во драфт-заклучоците.Позитивна оценката, и според извештајот на ОБСЕ/ОДИХР на предвремените парламентарни избори, е клучна за Република Македонија во однос на нејзиниот

Пронајдете не на следниве мрежи: