Напуштањето на седници на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева ѝ стана пракса. Откако во понеделникот ја напушти собраниската седница на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, како што рече, поради мобинг и навредливи прашања од пратениците, денеска ја напушти и седницата на Советот на јавни обвинители, наведувајќи ја истата причина како образложение- мобинг од страна на обвинителите. Обвинителите пак сметаат дека Јанева е крајно непрофесионална, не си ги извршува своите обврски, не сака да одговара на прашања и не го почитува Советот.Јанева, седницата на Советот на јавни обвинители, ја напушти образложувајќи дека ѝ се врши мобинг и дека обвинителите ја прашувале за сè само не за извештајот, а веднаш откако излезе од салата, изјави дека е задоволна од начинот на кој течела седницата и во иднина се надева на поголема соработка со Советот на јавни обвинители.
-Генерално сум задоволна од тоа како течеше седницата, прашањата, презентацијата на извештајот, но морам да кажам дека последните прашања, кои повеќе беа навреди на лична основа, не беа во ред и токму од тие причини ја напуштив седницата. Мислам дека моето мислење го делат и другите членови на Советот на јавни обвинители, кои, исто така, ја напуштија седницата, потенцираше Јанева.
Членот на Советот, Зоран Сулејманов, смета дека Јанева е непрофесионална, не си ги извршува своите обврски и не сака да одговара на прашањата што тој ѝ ги поставува.
Тој додаде дека Јанева е неисполнителна и зборува само за тоа што таа сака да зборува и дека не покажува никакво почитување кон Советот.
Сулејманов на Јанева ѝ рече дека „некои работи ќе се обиде да ѝ ги објасни како што им објаснувал на неуките странки кои доаѓале кај него и се жалеле“, и подвлече дека рече Јанева ги исполнува условите Советот да побара нејзина смена.
-Иако на некои луѓе по неколкупати сум им објаснувал, едноставно не разбираат. Ним им велам дека доаѓаат во земјоделска аптека и сакаат да купат боза. Еве, на ист начин ќе се обидам и Вам да Ви објаснам и можеби ќе сфатите што сакам да кажам, истакна Сулејманов.
Јанева во понеделникот ја напушти и собраниската седница на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците.Јанева, седницата на Советот на јавни обвинители, ја напушти образложувајќи дека ѝ се врши мобинг и дека обвинителите ја прашувале за с&e