Совети од доктор Оз за здрави и бели заби!

Совети од доктор ОЗ!Само две минути
Додека чекате во ред, две минути може да изгледаат како вечност. Додека пак одмарате во кревет, две минути поминуваат многу брзо. Сепак, кога ги миете вашите заби, две минути е време кое мора да го поминете во четкање за добро да ги исчистите. Користете мека четкичка и четкајте кон десно, така што ќе можете да стигнете до сите делови на забите. Секои два месеци менувајте ја четката за заби.
Исчистете го просторот помеѓу забите
Наспроти советувањата, речиси 80% од луѓето не ги чистат своите заби со конец. Ако тоа не го правите, всушност 40% од забите ќе ви останат нечисти. Стоматолозите чистењето со конец го сметаат за многу важно при спречувањето на појава на крварење на забите и заболувања на непцата. Но, мора да знаете како тоа се прави. Правилниот начин е: конецот треба едвај да поминува низ забите и нежно да ги допира. Погрешен начин: ако конецот не може да опфати некои места, на сила да го вметнувате и да триете па на тој начин да дојде до крварење на непцата.

Методи на отстанување на дамките
Нормално е  одредени намирници остваат дамки на вашите заби. Тоа може да бидат црното кафе, чајот, боровинките, оцетот балсамико, сокот од брусници. Не би сакал да ги избегнувате овие намирници бидејќи тие се исклучително здрави, но еве како можете да се спротивставите на дамките од истите:
– Кога јадете храна која остава дамки, имајте при рака чаша вода. Плакнењето на устата после секој залак може да помогне во отстранувањето на дамките.
– Немојте да пропуштите навечер да ги миете забите, особено после оброкот.
– Некои намирници може да ги избелат забите. Јаболката, целерот и морковот делуваат како природни избелувачи на забите, а зелениот зеленчук како на пример спанаќот, брокулата и салатите може да создата обвивка на забите која спречува да се појавуваат дамки на истите.Само две минути
Додека чекате во ред, две минути може да изгледа

Пронајдете не на следниве мрежи: