Совети од професионалните фотографи: Како да изгледате убаво на секоја фотографија

За да се вратите од летување со прекрасни фотографии прочитајте ги следните совети:
1.Размислувајте за среќните моменти
Ова ќе ви се чини банално, но има ефект. Сетете се на убавите моменти кои ве развеселуваат.
2.Поработете на фацијалната експресија и позирањето
Пронајдете положба која ви одговара и користете ја.
3.Пронајдете ја вашата препознатлива насмевка
Дали сте забележале дека познатите постојано позираат и се смеат на сличен начин и тоа со години? Па започнете со пронаоѓањето на вашата совршена насмевка.
4. Држете се до едноставноста
Најдобриот совет кога станува збор за фотографирање.   Бидете опуштени и нека ви биде удобно додека ве фотографираат.
5.Клучно е соодветното осветлување
Избегнувајте остри сенки кои ќе го променат вашето лице. Исто така внимавајте на темните сенки кои се појавуваат под очите и под носот.
6.Не постои добра или лоша страна на лицето
Тоа е само во вашите мисли велат фотографите. Сета таа енергија насочете ја во самоуверениот поглед и свртете се на било која страна.
7.Обликувајте ја фигурата
Добро наместете се кога стоите или седите. Кога стоите ставете ги рацете на колковите. А пак кога седите бидете исправени .
8.Облеката прави чуда
Облеката може да ве направи од 2 до 4 килограми послаби. Избегнувајте хоризонтални пруги.
9. Подигнете го фото-апаратот
Доколку го користите овој трик никогаш нема да изгледате дебело на фотографиите. Само подигнете го малку фото-апаратот .
10.Важно е колку шминка нанесувате
Доколку нанесувате малку шминка, кога се фотографирате појачајте ја, нема да се забележи.За да се вратите од летување со прекрасни фотографии прочитајте ги следните совети:

Пронајдете не на следниве мрежи: