Сите сме поминале низ тој филм. Сте се развеселиле, но не сте престанале да пиете, а сигурно сте забравиле да пиете вода и да си понесете таблети со витамини. Не очајувајте! Се уште постојат начини да го победите мамурлакот. Еве што треба веднаш да направите:
-Пијте вода! Ова сте го слушнале милион пати бидејќи е навистина важно. Можете да пиете вода, спортски пијалоци, чај или овошни сокови што ќе го олеснат чувството на гадење. И шолја кафе може да помогне околу главоболката и поспаноста, а најдобра е комбинацијата на многу вода и малку кафе, што ќе ви помогнат да го избистрите умот и да се чувствувате трезвено.
-Преземете конкретна мерка за секој симптом: Ако ве боли главата, напијте се апче против болки. Ако имате потешкотии во стомакот, напијте се нешто за олеснување на гадењето. Слушајте го телото, бидејќи се обидува да ви каже точно што не е во ред.
-Јадете овошје: Поконкретно, јадете ги овошјата што се добар извор на потасиум, како бананата и кивито. Алкохолот има диуретски ефект и мора да се заменат изгубените минерали. Исто така, шеќерот во овошјето помага во согорувањето на алкохолот.
-Јадете јаглени хидрати! Веруваме дека овој совет ќе ве израдува. Затоа, каснете малку леб за да го подигнете нивото на шеќер во крвта, и додајте малку џем за да го поттикнете и согорувањето на алкохолот. Но, внимавајте да не јадете премногу мрсен доручек бидејќи така подолго време ќе се чувствувате како „ѓубре“.
-Земете ги овие витамини: Витамин Б-комплекс-апче што содржи Б1 (тиамин), Б2 (рибофлавин), фолна киселина, Б6 и Б12, заедно со витаминот Ц, ќе ви помогнат да го кутнете и поразите мамурлакот и за кратко време да бидете повторно способни за пиење.
-Запомнете, мамурлакот не е само внатрешен. Затоа, не заборавајте да ги негувате и кожата, очите и стопалата. Кожата, исто како и внатрешниот дел на телото е дехидрирана и пожелно е да се намачка, како и да се измасира. Масирањето важи и за стопалата, кои веројатно ве болат од целовечерното играње или стоење на нозе во неудобни чевли. Што се однесува до очите, ако повторно сте заспале без да ги извадите леќите, одморете ги и наредниот ден поминете го носејќи очила. Дехидратацијата може да доведе до црвенило и чешање на очите, па затоа користете антихистамински капки.
-За крај, гледајте филмови и лежете: Искрено, најдобриот начин за лечење на мамурлакот е лежењето пред телевизор со шише вода. Затоа, пуштете си го омилениот филм и не се форсирајте додека не ви биде подобро.Еве што треба веднаш да направите:
-Пијте вода! Ова сте го слушнале милион пати бидејќи е навистина важно. Можете да пиете