Ако со задоволство сакате да го прескокнете средувањето на домот, а сепак сакате домот да ви биде чист и среден, овие совети ќе ви бидат многу корисни и ако сте мрзеливи, но и ако имате желба, но немате време.1. Користете течен сапун наместо обичен – остава помалку валканици зад себе, па лавабото и кадата ќе изгледаат почисто.
2. Додека грицкате нешто во кујната, со другата рака враќајте ги на место работите што сте ги извадиле, на пример ножиците со кои сте го отвориле чипсот или измиените садови кои се цедат веќе два дена.
3. Воведете им на гостите правило собување чевли – ова правило ќе ви овозможи поретко да го бришете паркетот и да поминувате со правосмукалка.
4. Додека чекате да се свари јадењето, избришете ја работната маса или измијте ги садовите шти сте ги зафатиле додека сте готвеле.
5. Додека приготвувате јадење, отпадоците од храната ставајте ги директно во кеса, па врзете ја и ставете ја во канта. Така нема да мора постојано да одите до кантата ниту пак ќе ги замачкате кујнските елементи.
6. Наместо од чинија, јадете од тортилја. Бројот на зафатени чинии драстично ќе се намали.
7. Кога правите мафини или проја во капали, ставете алуминиумска фолија пред да ја ставите смесата, па нема да мора многу да се трудите за да ги измиете капалите.
8. Чувајте јаглен во фрижидерот за да ги неутрализира мирисите. Така поретко ќе мора да го чистите.
9. Кога печете нешто на решетката од рерната, на дното на рерната ставете алуминиумска фолија или хартија за печење. Сѐ што ќе се исцеди, ќе испрска или ќе претече, нема да се закорави, па нема да мора да ја чистите рерната.
10. Ако приготвувате пијалаци во блендер во кој сечилото не се одделува, покиснете го со топла вода и средство за миење садови, а откако ќе отстои, вклучете го кратко и потоа лесно ќе го измиете.1. Користете течен сапун наместо обичен – остава помалку валканици зад себе, па лавабото и кадата ќе изгледаат почисто.
2. Додека гри