СОВЕТИ ЗА ПОНИСКА СМЕТКА ЗА СТРУЈА: Вклучете го клима уредот на оваа температура!

Клима уредите деновиве работат со полна пареа и затоа е важно да се користат на начин со кој заштедата на електрична енергија ќе биде максимална.Дали штедите струја со исклучување на клима уредот кога ве нема дома или е подобро да ја оставите климата да работи на иста температура цел ден?
Претераното трошење електрична енергија не само што повеќе чини, туку и предизвикува поголемо согорување на јаглен и други фосилни горива, што допринесува кон глобални климатски промени. Поради тоа е важно да се знае на кој начин е најдобро да се користи клима уредот за да се заштеди електрична енергија.
За максимална заштеда на енергија, клима уредот оставете го да работи на 26 или повеќе Целзиусови степени.
Можеби ви се чини како непотребно трошење електрична енергија кога го вклучувате и исклучувате клима уредот, но на тој начин ќе заштедите доволно количество пари, а клима уредот на тој начин и подобро ќе работи. Имено, системот за разладување на просторот е најефикасен кога работи со полна брзина, отколку кога работи во пократки периоди со помала брзина за да се одржи температура цел ден.
Освен тоа, клима уредот што работи со полна брзина побрзо ќе го ослободи домот од влага. Електрична енергија ќе заштедите и ако термостатот на клима уредот го нагодите на повисока температура (разликата помеѓу температурата во просторијата и надворешната не смее да биде поголема од 7-10 степени).
Според некои податоци, клима уредот троши 3 до 5 отсто помалку енергија со секој зголемен степен на термостатот.Дали штедите струја со исклучување на клима уредот кога ве нема дома или е подобро да ја оставите климата да работи на иста температура цел ден?

Пронајдете не на следниве мрежи: