Совети за секојдневните проблеми со косата

Косата и негата на косата често знаат да задаваат проблеми. За да ви олесниме во секојдневните проблеми во негата на косата, во продолжение ви носиме неколку совети.  УВ зрачењето, климатските услови и многу други фактори штетно влијаат на нашата коса, па така таа неретко е заострена. На заострена коса не се одбива светлина, поради што таквата коса Косата и негата на косата често знаат да задаваат проблеми. За да ви олесниме во секојдневните проблеми во негата на косата, во продолжение ви носиме неколку совети. губи сјај. Проблемот со заострена коса најдобро ќе се реши со шампони и регенератори наменети за хидратизирање на косата. Добро би било и кога еднаш неделно би нанеле на косата производ наменет за враќање на нејзиниот сјај. За време на миење на косата, кај последното плакнење, косата измијте ја со ладна вода, која ќе ги затвори обвивките на влакното, поради кои косата штрчи.
За да имате убава и негувана коса, важно е да знаете како се суши косата правилно. Измиената и влажна коса ставете ја во пешкир и убаво исцедете ја од вишокот вода. Никогаш не ја тријте косата со пешкирот, за да не ја оштетите. Фенот за коса да биде на одредена оддалеченост од косата и да не биде на највисока температура. Пегла за коса употребувајте што помалку, а пред употреба намачкајте ја косата со балзам за да ја заштитите од горење.
Доколку сте сопственичка на кадрава коса, знаете дека вашата коса бара посебна нега и труд. Не ја мијте секој ден кадравата коса, а најдобро би било да ја миете со шампон секој четврти ден. Никогаш не ја четкајте кадравата коса, туку гмечете ја со прстите. На измиена кадрава коса пред сушење нанесете пена за коса, па потоа сушете ја со дифузер.
Тенката и безживотна коса треба да ја шишате степенасто и треба да избегнувате препарати кои можат да и’ наштетат. За време на фарбање на тенката коса, изберете бои кои имаат природни нијанси, за визуелно да се зголеми волуменот на косата. Тенката коса секогаш сушете ја со фен од темето кон врвовите. Обидете се што помалку да ја четкате и да ја врзувате со ластичиња, за да не ја оштетите дополнително. УВ зрачењето, климатските услови и многу други фактори штетно влијаат на нашата коса, па така таа неретко е заострена. На заострена коса не се одби

Пронајдете не на следниве мрежи: