Совети за зимска детоксикација на телото

За време и после празниците, на телото му е потребна детоксификација за да остане здраво и да ги избегне сите евентуални грипови и вируси. Многу е важно да се одржува имунолошкиот систем и да се прочисти телото од разните отрови опасни за нашето здравје.Следните совети се најдобар начин за да се постигне тоа.
1. Детоксикација со препотување
Препотувањето е еден од најосновните начини на детоксикација и е еден од најтрадиционалните начини. Постојат два основни начини на препотување. Првиот  е  спортувањето. Добра замена за спортот во текот на зимата е јогата, која можете да ја користите еднаш неделно во текот на зимските денови.
2. Меѓутоа не постои подобар начина на детоксикација во зима од сауната.  Доколку ја изберете сауната, ќе се ослободите од детоксикација на сите отровни метали кои постојат во нашето опкружување.
3. Уште еден начин за препотување во зимските денови е кардио тренинг во теретаната. Можете да направите вежби на три справи за време од 15 мин.

4. Билна детоксикација
Чајот од коприва се покажал како одличен детоксичен напиток за крвта, дури и како одличен диуретик, затоа што помага да се исфрлат сите отрови од организмот. Копривата е многу корисна и за бубрезите затоа што помага за исфрлување на бубрежниот камен. Копривата е ефективен крвен чистач, кој ги исфрла отровите и метаболичкиот отпад, стимулирајќи ги бубрезите да излачуваат повеќе вода.  Со чајот од коприва е добро да се започне денот, а исто така е добар лек против мамурлук.
5. Екстракт од артичока има одличен ефект за црниот дроб, како моќен детоскикатор. За време на детоксикација на црниот дроб, токсините можат често да бидат претворени во уште поштетни. Доколку нема добра заштита, црниот дроб може да биде оштетен и затоа се покажа дека овој екстракт е право решение за тој проблем.
6.  Јадете многу влакна, вклучувајќи го пирето и органското свежо овошје и зеленчук. Репата, роквицата, артичокот, купусот, брокулите и алгите се одлична исхрана за детоксикација.

7. Ако постојат два додатоци кои мора да ги конзумирате во текот на целата година, тоагаш дефинитивно е тоа Рибиното масло и ZMA. Овие додатоци не се детоксикација, но ќе ви помогнат да се осеќате добро во текот на целата година. ZMA е комбинација на цинк аспартат и магнезиум аспартат.
8. Носете топла облека. Органскиот памук и волна се најдобрите материјали, бидејќи тие овозможуваат вашата кожа да дише.
9. Носете волнени чорапи. Топлината најмногу ни се одразува на нашите екстремитети.
10. Исфрлете ги токсините од телото со купка за стапала.
11. Практикувајте хидотерапија, така што пет минути ќе се туширате со топла вода, а потоа 30 секунди со ладна вода. Повторете ја постапката неколку пати, а после тоа одете на спиење.
12. Направете си топла супа, наместо да пиете ладни или било какви пијалоци.
13. Пијте топли хербални чаеви.
14. Пијте најмалку две литри вода дневно.
15. Дишете длабоко за да овозможите воздухот целосно да помине низ сите дишни патишта.
16. Два пати годишно земете пробиотични препарати за да го прочистите вашиот организам.
 И за крај, овозможете си добар сон. Тоа е секогаш многу важно, а во последно време поради брзото темпо на живот тоа го запоставуваме.Следните совети се најдобар начин за да се постигне тоа.
1. Детоксикација со препотување
Препотувањето е еден од најосновните начин

Пронајдете не на следниве мрежи: