Членките на Советот за безбедност на Обединетите нации постигнаа договор за нацрт-резолуцијата за испраќање набљудувачи во Алепо, откако Франција ги прифати забелешките на Русија, а гласањето би требало да се одржи денеска.-Очекуваме овој текст да биде прифатен едногласно, изјави амбасадорката на САД во ОН, Саманта Пауер.
Рускиот амбасадор во ОН, Виталиј Чуркин изјави дека смета оти имаат добар текст.
-Се договоривме гласањето да се одржи утре изутрина (по американско време), изјави синоќа Чуркин по тричасовните преговори за компромисно решение за нацрт-резолуцијата.
Претходно, Франција поднесе нацрт-резолуција во која во повикува генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун веднаш да распореди набљудувачи, кои би ја следеле евакуацијата на цивилите од опколените делови на Алепо и кои би процениле дали се почитува меѓународното право.
Русија, меѓутоа најави дека ќе стави вето на прелогот, доколку не биде изменет и поднесе свој нацрт, според кој за испраќање на набљудувачи на ОН во тој град би било потребно одобрение и од сириската Влада.
Чуркин изјави дека испраќањето набљудувачи да „талкаат по урнатините на Алепо“ би било повик за катастрофа. Во рускиот нацрт биле исклучени какви било набљудувачи на ОН за време на евакуацијата на цивили од Алепо.
Со нацрт-резолуцијата, која ја предложија Русите се повикува генералниот секретар на ОН да обезбеди безбедност и други аранжмани во координација со заинтересираните страни, вклучувајќи ја и сириската Влада, која сега го контролира источниот дел на Алепо со цел на персоналот на ОН да му се овозможи да ги следи условите, во кои се наоѓаат цивилите, кои остануваат во Алепо во светло на меѓународниот хуманитарен закон.
Дипломатски извори изјавија дека членките на Советот за безбедност разговарале за можноста да се спојат овие два текста и по тричасовните преговори тој договор е постигнат.-Очекуваме овој текст да биде прифатен едногласно, изјави амбасадорката на САД во ОН, Саманта Пауер.
Рускиот амбасадор во ОН, Виталиј Чурки