Во организација на Државниот архив на Република Македонија на 25 и 26 април 2016 година во Музејот на македонската борба во Скопје ќе се одржи Советување на тема „Правна регулатива и техники на канцелариско и архивско работење.“На советувањето ќе учествуваат претставници од државните органи и јавните институции во Република Македонија, иматели на јавен архивски и документарен материјал.
На Советувањето ќе бидат презентирани измените во законските и подзаконските акти за канцелариско и архивско работење, техниките на канцелариско и архивско работење, како и надлежностите на Државниот архив во инспекцискиот надзор, а ќе се дискутира и за предизвиците пред кои се наоѓа јавната администрација со користењето на електронските документи.
Советувањето ќе го отвори директорот на Државниот архив, д-р Филип Петровски.На советувањето ќе учествуваат претставници од државните органи и јавните институции во Република Македонија, иматели на јавен архивски и документа