Прикријте го непријатниот мирис со помош на освежувач на воздух кој можете да го направите сами дома, и што е најважно, без штетни хемикалии. Ова е еден евтин и едноставен начин да го освежите воздухот во вашиот дом. Кога ќе видите колку лесно се прави, никогаш веќе нема да купите скапи шишиња освежувач.Ќе ви покажеме два начини како да направите освежувач и да донесете пријатен мирис во секоја просторија во вашиот дом. Еве што треба да направите.
Ќе ви требаат:
– тегла од миризлива свеќа– тегла со лимено капаче– шрафцигер– чекан– вилушка– сода бикарбона– етерично масло
Прва верзија: Во искористена тегла од свеќа, ставете сода бикарбона
Потоа, ставете и етерично масло по избор (околу 10 капки)
Со вилушка добро измешајте ја содата и маслото. Овој освежувач може да се користи за купатило, но и за во соба
За целосен ефект, можете да ставите и мала свеќа во теглата
Втора верзија: За оваа верзија потребна ви е само една тегла со лимено капаче
Користеќи шрафцигер и чекан, направете пет дупчиња на капачето низ кои ќе излегува освежувачкиот мирис
Постапката е иста како и кај првата верзија. Додајте сода бикарбона и етерично масло.
Добро измешајте со вилушка и затворете го капачето, и вашиот освежувач е подготвен да го направи просторот попријатен…Ќе ви покажеме два начини како да направите освежувач и да донесете пријатен мирис во секоја просторија во вашиот дом. Еве што треба да направите.
Пронајдете не на следниве мрежи: