Совршен спој- Huawei P9 Lite и паметна алка Huawei A1

Loading...

Скопје, 2 септември 2016 година – Нова специјална понуда на Huawei – Huawei P9 Lite и смарт алка Huawei A1, комбиниција на софистициран дизајн, одлична изведба, релевантни можности и неповторлив шик стил. Од 1 септември до 15 октомври Huawei има специјална понуда – Huawei P9 Lite со паметни нараквица Huawei A1 со две ремчиња – црно и синоАтрактивната понуда ќе е достапна во продавниците на ВИП, како и во синџирот продавници на Нептун. Повеќе информации за оваа ексклузивна понуда може да најдете на www.huaweibundle.com/mk.
Неверојатниот Huawei P9 Lite со дизајнерска DNK на П серијата на Huawei носи сопствен стил, индивидуалност и неверојатни фотографски функции, а во комбинација со смарт алката Huawei A1 корисниците добиваат широк спектар на функционалности, кои го прават секојдневието попријатно и позабавно. Двата уреди работат совршено синхронизирано и на целосно иновативен начин помагаат за водење активен и здрав начин на живот, додаваат динамика на тренинзите и играат важна улога во подобрување на физичката состојба.
Mобилнo поврзување
Вистинската предност и моќност на смарт алката се крие во мобилната апликација (Color Band A1, достапна во Play Store) – со која совршено се искористува целосната функционалност на интелигентниот додаток заедно со потенцијалот на Huawei P9 Lite. Апликацијата се инсталира и конфигурира преку личниот профил за неколку минути, а потоа Huawei A1 станува идеален помошник. Смарт алката е удобна за корисниците, бидејќи известува за дојдовни повици и СМС пораки, Facebook известувања или потсетници од календарот без потреба често да го проверувате самиот smartphone. Тоа се случува со дискретни вибрации и трепкања на LED светла, лоцирани на алката.
Основната функција на смарт алката на Huawei А1, се разбира, е да ги брои направените чекори и поминатото растојание, а мобилната апликација автоматски го пресметува овој резултат во калории. Податоците се зачувуваат и лесно може да се разгледуваат подоцна. По завршувањето на тренинг сесијата може да ги споделите нови достигнувања и резултати во социјалните медиуми.
Смарт алка Huawei A1 – функционалност и стил
Дизајнот на смарт алката Huawei A1 е модерен и елегантен и дава можност на младите по дух да избираат варијанти кои одговараат на индивидуалните желби и на најдобар начин да одговараат на потребите на нивниот карактер. Прецизниот и софистициран модел на смарт алката е направен од трајни благородни метални материјали. Изборот на ременчињата во различни бои и текстури, изработени од силикон или кожа, одговора на очекувањата на повеќето корисници со изострен вкус.
Смарт алката Huawei A1 е водоотпорна при длабочина до 1 метар, за период од 30 минути. Со ова на корисниците им е овозможено да се искапат со алката или да не се грижат и кријат од дождот. Алката има 70 mAh батерија и високо енергетски ефикасна Bluetooth 4.2 технологија за поврзување и комуникација со смартфонот, што е исто така голема олеснитела околност за корисникот, кој не треба да мисли за често полнење на A1 – паметениот додаток може да работи со едно полнење речиси месец.
Вградениот ултравиолетов сензор го разликува Huawei A1 уредеот од слични конкурентни алки. Сензорот предупредува корисникот, ако штетни ултравиолетови зраци достигнат нездрави нивоа за човечката кожа, како и совети за користење на крема за сончање.Уредот следи го следи времетраењето и квалитетот на сонот, и го дели во посебни дијаграми на лесен и длабок сон. Вториот тип спиење е од исклучително значење за следење на личната здравствена состојба, а слична подетални информации не можат да се собираат само со smartphone.
Неверојатниот паметен телефон Huawei P9 Lite
Huawei P9 Lite се одликува со моќна конекција и брзина што секој млад човек очекува да ја добие од Huawei. 5.2-инчниот дисплеј на P9 Lite кој е Full HD и е совршен за гледање видеа на Youtube или игри. Процесорот Kirin 650 2.0 GHz 64-bit и оперативниот систем Android Marshmallow 6.0, заедно, го прават овој модел одличен претставник на смарт телефоните.Главната камерата со 13 MP на Huawei P9 Lite придонесува за неповторливо фото- доживување со убави, чисти и интересни кадри. Покрај автоматските режими, корисниците можат да го користат и целосниот сет на подесувања со професионални алатки, да ги искусат опциите на динамичен “time-lapse” или “slow-motion” видео, како и да уживаат во голем број на филтри за создавање на интригантна содржина што потоа може да се споделува на социјалните медиуми.Huawei P9 Lite е и верен помошник при секојдневните тренинзи. Заедно со функционалноста при синхронизација со Huawei A1, уредот може да служи и како одличен музички плеер за време на спортување. За забава пак може да го користите за да направите атрактивно селфи со извонредната 8 MP предна камера. А при подолги патувања – нема потреба да размислувате за издржливоста на Huawei P9 Lite, бидејќи батеријата на смартфонот е со капацитет од 3000 mAh, што обезбедува доволно време за работа, спорт и забава.Атрактивната понуда ќе е достапна во продавниците на ВИП, како и во синџирот

loading...