> Јан Копецки и Павел Дреслер триумфираа со новиот рели автомобил на чешкиот рели шампионат
> Храбнек изјави: „среќни сме што имаме успешен почеток“
> Побрза и посигурна: новата Škoda Fabia R5 импресионираше илјадници навивачи на своето деби на домашен терен.Прва трка, прва победа и најбрзо време на единаесет од вкупно дванаесет посебни фази: Новата Škoda Fabia R5 ги доживеа своите први блескави мигови на своето деби на домашен терен во Република Чешка. Шампионот на Азија – Пацифик Јан Копецки од Чешка, го возеше рели автомобилот до убедливата победа на јубилејното 50-то издание на релито „Šumava Klatovy“. Илјадници навивачи го бодреа новиот автомобил, кој се покажа во најдобро светло на својата прва трка. Брз и сигурен од почеток до крај.
„Со дебито на нашата нова Škoda Fabia R5 симболично го започнавме новото поглавје на мотоспортот на брендот. Со успешниот старт и првата победа ние сме особено задоволни. Бевме многу возбудени, но првиот настап покажа дека сме на вистинскиот пат со новиот рели автомобил“, изјави Михал Храбнек директорот на ŠKODA мотоспорт и предупреди: „Ние не сакаме премногу да се потпреме на првата победа. Сепак автомобилот и тимот ги очекуваат многу различни тестови и предизвици на наредните трки.“
Прва трка, прва победа и најбрзо време на единаесет од вкупно дванаесет посебни фази: Новата Škoda Fabia R5 ги доживеа своите први блескави