Бактериите ги има насекаде наоколу , вклучително и на површините кои ги избегнуваме за време на чистењето.
Некои бактерии се безопасни, други се дури и полесни за здравјето, но има и бактерии кои предизвикуваат најразлични болести. Кантата за отпадоци, веце школката и подот во бањата се прикриени со најразлични микроорганизми и бактерии и токму затоа тие се местата каде што најмногу се фокусираме за време на чистењето. Сепак постојат места каде постојат повеќе бактерии и каде треба да бидеме попретпазливи за време на чистењето.
Сунѓерот во кујната
Дали сте знаеле дека кујнскиот сунѓер е највалканото место во домот? стражување на Универзитетот Аризона минатата година покажа дека сунѓерчето во кујната е за 200.000 пати повалкано од капакот на тоалетната школка. Меката структура со шуплини е идеално скривалиште на бактериите, бидејќи е тешко да биде дезинфицирана. Бришејќи ја масата и миејќи ги чиниите со ист сунѓер, ги разнесуваме бактериите насекаде.
Кујнскиот мијалник и чешмата
Остатоците од храна и валканите чинии најчесто завршуваат во мијалникот каде се создаваат поволни услови за размножување на бактерии. Исто така и рачката на чешмата е магнет за бактерии. Секогаш по секое допирање на храна, ги миете рацете, па не е тешко да се претпостави дека сите бактерии од кои сакате да се ослободите завршуваат на рачката, а при затворањето на водата, дел од нив се враќаат на рацете.
Даската за сечкање
Даската за сечкање на различни видови на храна исто така може да биде многу опасна. Живото месо содржи многу бактерии, па тие лесно можат да се пренесат на зеленчукот,овошјето и другите производи кои се консумираат свежи. Затоа мијте ја даската темелно со жешка вода и средство не само откако ќе завршите со готвење, туку и меѓу сечкањето различни типови храна.
Шминките и несесерот
Во женските несесери освен колекции на шминки се кријат и многу бактерии. Секоја бактерија од несесерот или од лицето и рацете може да ја зарази шминката, а последиците да бидат кожни или очни инфекции.
Перени мокри алишта
Бактериите од едно парче облека лесно се распространуваат, а потоа брзо се размножуваат додека се оставени во влажната и темна внатрешност на машината. Влажната облека оставена во машината за перење станува расадник на бактерии.
Рачките од вратите
Речиси при секое чистење забораваме на рачките од вратите. На нив освен бактерии, остануваат вируси на грип и настинка, како и многу други микроорганизми. Затоа користете антибактериски влажни марамчиња или раствор од средство за чистење и вода за да ги дезинфицирате сите рачки во домот најмалку еднаш во неделата.
Држачот за четки за заби
Со пуштање на вода во тоалетната школка, насекаде во бањата се разлетуваат бактерии, а дел од нив слетуваат на држачот за четки за заби па дури и врз самите четки. Затоа мијте го држачот и менувајте ја четката на секој 3 месеци.
Телефонот и далечинскиот управувач
Секогаш го бришиме телевизорот , но многу ретко ни помислуваме на далечинскиот управувач, на кој има многу бактерии, особено во домот во кој живеат помали деца. На фиксниот телефон исто така има многу бактерии и вируси. Доволно е само еден член од семејството да има грип или настинка, за да го пренесе вирусот на останатите.
Комјутерските тастатури
Колекционери на бактерии покрај се останато се и компјутерските тастатури. Тие многу тешко се чистат а доволно е само еднаш да кивнете или да пишувате со валкани раце, за тастатурата да ви стане закана за здравјето.
Бактериите ги има насекаде наоколу , вклучително и на п