Една жена е обвинатa во САД за поневера на осигурително друштво преку кое дошла до два милиони долари така што лажно ја пријавила смртта на поранешниот сопруг, а обвинет е и нејзиниот син бидејќи и тој учествувал во тоа.Ирина Воротинова (47) и Алкон Воротинов (22) обвинети се за лажно прикажување на смртта на Игор Воротинов во Молдавија.
Игор Воротинов купил полиса за животно осигурување во април 2010 година и како корисници ги навел тогашната сопруга Ирина Воротинова и нивниот син.
Веќе во окотмври 2011 година, во полицијата во Молдавија било пријавено дека е најдено тело на маж кај селото Кожушна. Пасошот и документите кај телото укажувале на тоа дека се работи за Игор Воротинов што неговата поранешна сопруга Ирина го потврдила кога отпатувала во Молдавија, соопштило обвинителството.
На незјино барање, телото е кремирано во Одеса, Украина, а таа се вратила во САД и смртта на поранешниот сопруг ја пријавила во осигурителната куќа.
Потоа Ирина добила чек од два милиони долари, а таа и нејзиниот син отвориле сметка во банка и од март 2012 до сега префрлиле повеќе од 1,5 милиони долари на сметки во Швајцарија и Молдавија, се наведува во обвинението.
Но, еден агент на амриканската федерална полиција ФБИ во јуни 2013 утврдил дека Игор Воротинов лажно ја прикажал својата смрт и дека живее во Украина со нов идентитет.
Во ноември 2013 година, цариници го застанале Алкон Воротинов во Детроит кога се вратил од Молдавија и со преглед на компјутерот утврдиле дека е во контакт со татко му.
KMSP-TVИрина Воротинова (47) и Алкон Воротинов (22) обвинети се за лажно прикажување на смртта на Игор Воротинов во Молдавија.
Игор Воротинов купи



