Создаден е „тројанскиот коњ“ за борба против ракот!

Истражувачите од Германија претставија нов метод сличен на тројанскиот коњ, со кој телото може полесно да се справи со клетките на ракот. Механизмот претставува инјектирање на материја во телото, имитација на вирус што стимулира одговор на имунолошкиот систем против формирањето на ракот.Досега методот е тестиран само врз три лица, но се смета за сериозен напредок во имунотерапијата, чија цел е да се подигнат имунолошките способности на телото против болеста.
„Тројанскиот коњ“, кој се вбризгува во телото, се состои од наночестички содржани во рибонуклеинската киселина (РНК) на ракот, опколена од мембрана на масна киселина. Овие честички се инјектираат во пациентот и на тој начин симулираат вирусеннапад. Тоа го стимулира производството на ракови антигени. Тие, од своја страна, пак ,активираат Т-клетки, кои се борат со формирањето на ракот.
По експерименти со глувци биле извршени опити врз три лица со напредна форма на рак на кожата. Во првата фаза на лекувањето тие добиле мали дози од супстанцијата со наночестички. Како резултат, сите развиле силен имунолошки одговор, посочува истражувачкиот тим.
Ако понатамошните тестови на терапијата покажат дека таа функционира, методот би можел да помогне за создавање на универзален третман против ракот, посочуваат авторите на „тројанскиот коњ“.
Лекувањето се нарекува РНК вакцина и делува на принципот на превентивна вакцина – наликува на инфекција и го учи телото како да одговори на реална закана.
И покрај позитивните резултати, сепак научниците предупредуваат дека методот се наоѓа во рана фаза и се потребни дополнителни тестови за да се утврди успехот на лекувањето.
Имунотерапијата се користи како начин за лекување на некои форми на ракот. За разлика од вирусите, бактериите или габите кои можат да се третираат со лекови, клетките на ракот не се препознаваат како натрапници. Наместо тоа, човечките клетки се оштетуваат поради оштетувањето врз нашето ДНК. Тоа е и причината овие клетки да циркулираат во нашето тело, незабележани од имунолошкиот систем.Досега методот е тестиран само врз три лица, но се смета за сериозен напредок во имунотерапијата, чија цел е да се подигнат имунолошките способност

Пронајдете не на следниве мрежи: