Создадена е вештачка коскена срж за лекување на леукемија!

Научници од Германија создадоа вештачка коскена срж со која може да се излекува леукемијата.Вештачката коскена срж ги има основните својства како и природната коскена срж и може да се искористи за репродукција на матични клетки во лабораторија. Научниците сметаат дека ова може да го олесни процесот на лекување на леукемија за неколку години.
Научниците од Карлсрух институтот за технологија, Макс Планк институтот за интелигентни системи во Штутгард и универзитетот Тубинген го развија овој модел на вештачка коска. Крвните клетки, како што се еритроцитите, постојано се заменуваат со нови произведени од вештачката коскена срж, кои се наоѓаат во слоевите на оваа коска.
За да се излекува некоја крвна болест, како што е леукемијата, потребно е заболените матични клетки на пациентот да се заменат со нови здрави клетки од некој соодветен донатор. Сепак, не е толку лесно да се најде некој здрав донатор, кој уште повеќе ќе одговара на клетките на пациентот. Со создавањето на вештачката коскена срж, научниците успеаа да создадат и здрави клетки, но во лабораторија.
Со понатамошните испитувања ќе се утврди дали оваа вештачка коскена срж конечно ќе спаси многу животи, кои рано згаснуваат токму поради болести на крвта.
 
 Извор: Денешен весникВештачката коскена срж ги има основните својства како и природната коскена срж и може да се искористи за репродукција на матични клетки во лаборато

Пронајдете не на следниве мрежи: