„Создавање на афро-американската култура“ е официјална презентација на магистерскиот труд на Александар Ковилоски, одбранет на Институтот по социологија при универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје под наслов „Осознавањето на афро-американската уметност преку уметничкото изразување во ХХ-от век“.Замислена е во четири дела, кои хронолошки ни ги објаснуваат начините на влијание на афро-американската уметност во креирањето на афро-американскиот културен идентитет во текот на ХХ-от век.
Користената литература од преку 100 социолошки, антрополошки и културолошки текстови би требало да го задржат вниманието на читателите кои би сакале да ги надградат своите теориски размислувања во врска со расните прашања и политиката поврзана со нив, културната репродукција, културната асимилација и културниот идентитет.
Книгата содржи 129 страници, а издавач е Академски Печат. На македонската јавност Ковилоски е познат по трите книги за хип хоп културата, единствени од овој тип во Македонија и регионот.
Книгата можете да ја симнете на следниот ЛИНКЗамислена е во четири дела, кои хронолошки ни ги објаснуваат начините на влијание на афро-американската уметност во креирањето на афро-американскио