СОЗДАВАЊЕ НА АРИЕВЦИ: Грабнување деца од источните земји за остварување на налудничави цели!

Нацистите грабнувале деца од источните земји кои ги освоил Адолф Хитлер и откако ќе ја поминеле инспекцијата на нацистичките генетичари, т.е. ги задоволиле условите дека се расно чисти, биле праќани во Германија.Главниот мозок во таа програма бил шефот на СС трупите, Хајнрих Химлер.
Едно од децата, чија приказна е раскажана на изложбата која е отворена овој викенд во германскиот град Келн, е на Костја Павлович Харелек. Тој бил избран од страна на расните надрилекари да биде едно од децата на кои им е дадено „зелено светло“ за заминување во Германија за да биде посвоен од страна на германско семејство и да биде одгледуван во склад со нацистичките убедувања.
Најголем број деца се украдени од Русија и Полска. Иако двете земји на Хитлер му делувале како расно инфериорни, вистината била дека на Германија ѝ биле потребни што е можно повеќе деца за да ги „санираат“ губитоците.
Во 1941 година, Костја бил избран лично од Химлер во транзитен камп во Минск, во Белорусија. Требал да стане „одржливо германско момче“, па бил пратен во Германија под името Константин Герелик. Костја исчезнал во последните денови од војната. И денес, стотина преживеани ги прекопуваат архивите и се обидуваат да дознаат кои биле некогаш. Имено, германските повоени власти не се потрудиле да го откријат вистинскиот идентитет на жртвите. Многумина починале, не знаејќи дали нивните родители се живи или завршиле во масовна гробница.

The children stolen to start the Nazis' master race https://t.co/l21bmvfGOw via @MailOnline
— mauricio corbalan (@afrikaner) February 19, 2016

„Во толкава мешавина од народи ќе се најдат некои расно добри. Затоа, мислам дека наша должност е нивните деца да ги земеме со себе, да ги тргнеме од нивното окружување. Или ќе добиеме добра крв, или ќе им ја уништиме крвта. Имам намера да соберам германска крв во целиот свет, каде и да можам“ – изнел Химлер во својот план уште во 1938 година. Така и било.
Химлер наредил тие деца да се наречат „германски сираци од рехабилитираните источни подрачја“. Откако децата ќе ги поминеле физичките прегледи, а најчесто било доволно лекарот да донесе заклучок дека детето изгледа „доволно германски“ и дека не е Евреин, нацистичките бирократи им го бришеле минатото и ги давале на семејства кои ѝ биле лојални на партијата. Добивале германски имиња, лажни крштеници и биле предавани на новите родители. Многумина и ден-денес не знаат кои им се биолошките родители.
Дури неколку деца се вратиле во своите матични земји, а во повоена Германија никогаш тоа на било кој начин не им е компензирано.Главниот мозок во таа програма бил шефот на СС трупите, Хајнрих Химлер.
Едно од децата, чија приказна е раскажана на изложбата која е отвор

Пронајдете не на следниве мрежи: