Помеѓу најдобрите 16 селекции во Бразил се пласираа селектори со ниски примања.Вечерва почнуваат првите натпревари од осминафиналето на Мундијалот во Бразил.Интересно е тоа што помеѓу најдобрите 16 фудбалски селекции во Бразил не се пласираа репрезентации чии селектори примаат најголеми тренерски плати во светот, додека пак поминаа селекции чии селектори имаат далеку помали примања, јавува Anadolu Agency(AA).
Групната фаза не ја помина Русија чиј селектор Фабио Капело беше најскап селектор на Светското првенство во Бразил со годишна плата од 11.235.210 американски долари. Слична судбина доживеа и селекторот на Англија Рој Хоџсон, кој беше втор најплатен селектор во Бразил,а чија плата изнесува 5.874.570 долари. Истотака испадна и третиот најдобро платен селектр на Мундијалот, италијанскиот селектор Цесаре Прандели, со плата од 4.322.010 долари.
Во осмина финалето не останаа ниту селекторот на Шпанија Висенте Дел Боске чија плата изнесува 3.386.270долари, и селекторот на Португалија Пауло Бенто со годишна плата од 2.160.170 американски долари.
Од репрезентаците кои поминаа во осминафиналето моментално најдобро е платен селекторот на Бразил Луис Филипе Сколари со годишна плата од 3.973.730 долари, потоа следува селекторот на Швајцарија Отмар Хитцвел со 3.745.130, селекторот на Германија Јоаким Лев со 3.602.460 долари, селекторот на Холандија Луис Ван Гал со 2.738.060, Американецот Јурген Клинсман со 2.621.740 и селекторот на Франција Дидие Дешамп со годишна заработувачка од 2.161.000 долари.
Од друга страна, помеѓу најдобрите 16 во Бразил се пласираа и селеектори со многу ниски примања. Помеѓу нив е пред се е најмалку платениот селектор во Бразил, селекторот на Мексико Мигел Херера со годишна плата од 209.810 долари. По него следува селекторот на Нигерија Степен Кеши со 392.420 долари, селекторот на Коста Рика Луис Пинто со 440.590, селекторот на Аргентина Алехандро Сабела со 818.240, Марк Вилмотс, Белгија со 846.400, Фернандо Сантос, Грција со 846.400, селекторот на Ажир Вахид Халихоџиќ 1.007.070, ОскарТабарез,Уругвај, 1.258.840, Јосе Пекерман, Колумбија1.678.450 и Јорхе Сампаоли, Чиле со годишна плата од 1.774.960 американски долари.
Исто така, многу интересно е тоа што одредени слабо платени селектори на Мундијалот многу успешно ја претставија својата земја и пружија силен отопр против најголемите фаворити.Интересно е тоа што помеѓу најдобрите 16 фудбалски селекции во Бразил не се пласираа репрезентации чии селектори примаат најголеми тренерски плати