Шпанецот Хорхе Македа е црвено-црн до 2018година тоа денес официјално го потврди и РК Вардар на својот веб сајт. Џинот од Шпанија ќе игра во наредните три сезони во црвено-црниот состав од Јане Сандански .Македа е корпулентен играч кој е висок 195 см на возраст е од 27 години прекален борец на теренот кој може да игра одбрана-напад без голем проблем. Не треба да се трошат многу зборови за овој Шпански репрезенативец и неговите квалитети .Со ова РК Вардар доби засилување од светски калибар во својте редови.
По овој повод г-н Давор Стојановски директорот на Вардар имаше своја изјава во која вели :
Со ангажирањето на Македа, ќе имаме уште посилна бековска линија, и искусен и докажан играч. Вардар се засили со играч кој зад себе има медали во репрезентативен дрес, со надеж дека заедно ќе ги исполниме и клупските планови. Македа останува во Вардар до јуни 2018 година, а се надеваме и подолго. Со потпишувањето на Македа продолжуваат намерите на Вардар да создаде силен и респектибилен тим во Европа.
Извор:vardarfans.mkМакеда е корпулентен играч кој е висок 195 см на возраст е од 27 години прекален борец на теренот кој може да игра одбрана-напад без голем проблем.