Шпанскиот суд не му дозволи на каталонски град да одгледува марихуана

Шпанскиот суд не дозволи да се спроведе планот на градот Раскер во Каталонија да се ублажи општинскиот долг и да се извлече од финансиска криза одгледувајќи марихуана.
Седмочлениот одбор на гратчето Раскер, поради отварање на нови работни места гласал за одгледување на канабис пред една година.
Во април минатата година 56 жители на овој каталонски град гласале на референдум за планот земјиштето на градот да се издаде на групацијата АБЦДА која ќе плаќа 750.000 евра годишно во период од две години.
Тие планови не ги одобри судот, кој ја прифати желбата на централните власти против одлуката на одборот на Раскер.
Градскиот одбор наведува дека ќе поднесе жалба на пресудата.       Шпанскиот суд не дозволи да се спроведе планот на градот Раскер во Каталонија да се ублажи општинскиот долг и да се извлече од финансиска криза одг

Пронајдете не на следниве мрежи: