Оливер Себастиен изјави дека скапо го чинела прославата на неговиот 24-ти роденден во Ибица. Несреќниот диџеј тврди дека во неговиот пијалак била ставена дрога бидејќи не се сеќава баш најдобро на тоа како бил претепан.Со оглед на тоа дека сеќавањето му е полно со дупки, тој навистина бил изненаден кога утредента се разбудил сиот модар и врзан со лисици за болничкиот кревет.
Во изјавата за медиумите, тој рече дека почнал да го губи сеќавањето само три часа по испивањето на пијалакот во кој се наоѓала дрогата.
„Единствената работа на која што се сеќавам е дека бев гол и врзан со два пара лисици на нозете и рацете за болничкиот кревет. Уринирав крв“, раскажува тој.
Рацете и лицето му биле многу отечени и повеќе од 72 часа не можел да гледа правилно.
Затоа сега планира да покрене тужба против полицијата и има најмено адвокат.
Ник Тарнер, адвокатот на Оливер, изјави дека ваквото насилство нема да го толерира и дека ќе бара оштета за својот клиент.
Се очекува да се одреди датумот за судењето.Со оглед на тоа дека сеќавањето му е полно со дупки, тој навистина бил изненаден кога утредента се разбудил сиот модар и врзан со лисици за болничк



