Спас 3 е најголемиот водич низ тајните и методите на светската натуропатска медицина на реномираната писателка Исидора Бјелица. Претставува вистински бревијар од техники и тајни знаења за зачувување и подобрување на здравјето – книга кој секој треба да ја има во својата домашна библиотека.„Не познавам некого кој бил толку луд и упорен сето тоа да го проба на сопствената кожа. Да скита од земја во земја, од клинина до клиника, од фармацевт до хербалист, исцелител, натур доктор, гуру… Да се обиде да пронајде решение за квадратурата на кругот наречена канцер…
Оставени на милост и немилост на официјалните протоколи и ненаучните алтернативни методи, луѓето соочени со тешки болести главно се препуштени на сопственото трагање по лек. До информацијата за тоа кои видови на терапии постојат денес тешко се доаѓа, а често се доаѓа со задоцнување, бидејќи голем дел од тоа се крие или е прескапо,“ вели Бјелица.
Исидора Бјелица четири пати била на границата меѓу животот и смртта. Во потрагата за излекување на најтешкиот вид канцер на јајчниците поминала 12 земји и различни видови терапии кај најголемите светски експерти за интегративна, односно натуропатска медицина. Знаењето и методите кој ги пробала лично на себе, Исидора ги собрала на едно место и несебично ги споделува со своите читатели.
СПАС 3 е пионерски проект кој ќе ви заштеди време и пари бидејќи во современиот свет најмногу вреди информацијата.
Овој сеопфатен и амбициозен прирачник, кој содржи податоци за најновите имунолошки и детоксикациски техники, за различните видови суплементи, психолошки методи, не е наменет само на личностите со здравствени проблеми, туку и на оние кои сакаат да го сочуваат своето здравје.
“Не давам совети, бидејќи никој всушност не знае универзален лек, но знам дека е глупаво да се откажеме од официјалната медицина и она што го носи, како и себеси да си го ускратиме се она што ни го нуди натуропатската медицина,“ вели Исидора.
Книгата Спас 3 ќе ја најдете во книжарската мрежа на Просветно дело.„Не познавам некого кој бил толку луд и упорен сето тоа да го проба на сопствената кожа. Да скита од земја во земја, од клинина до клиника, о