Спасески на меѓународна конференција „Connecting youth“ во Париз

Во меѓународниот универзитетски центар во Париз, денеска се одржува меѓународната младинска конференција “Connecting youth” во рамки на Самитот за Западен Балкан.Македонија е претставена преку Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Марјан Спасески и претставници на 12 младински и други граѓански организации од Македонија.
На конференцијата се разговараше за четири теми од важност за младите, „образование и мобилност на младите“; „вработување и претприемништво кај младите“; „младинска вклученост и учество“ и „млади и медиуми“.
Препораките од конференцијата ќе бидат доставени како предлог за вклучување во финалниот извештај од Самитот за западен Балкан.
Како една од главните активности од самитот за Западен Балкан е потпишувањето на договорот за воспоставување на регионалната канцеларија за млади –RYCO, процес во кој е вклучена Македонија заедно со Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Србија и Црна Гора.
Самитот за западен Балкан кој се одржува во Париз е карактеристичен по тоа што покрај другите теми, ги вклучува младите како еден од главните приоритети за постигнување на регионален развој и соработка.Македонија е претставена преку Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Марјан Спасески и претставници на 12 младински и други граѓански организа

Пронајдете не на следниве мрежи: