Продолжува подобрувањето на условите за живот на пензионерите. Проектите ги искористуваат максимално, а тенденцијата ќе продолжи и оваа година.
Ова денеска го изјави Диме Спасов, министерот за труд и социјална политика, одговарајќи на прашањето во врска со пензионерите за време на давањето на отчетот на ВМРО-ДПМНЕ.
-Она што е најважно е големото задоволство кај пензионерите, кај корисниците на овие два бесплатни проекти. Проектот бесплатна бањско-климатска рекреација којшто го реализираме од 2010 година и досега го искористиле 32.600 пензионери, од кои само изминатите две години 10.500 пензионери. Задоволството е огромно и продолжуваме и ова година. Проектот е веќе започнат и очекуваме уште 5500 пензионери да го искористат проектот. Проектот бесплатен туристички викенд започнавме да го реализираме минатата година, 2560 го искористија. Продолжуваме исто така оваа година со негова реализација, очекуваме да се опфатат околу 3000 пензионери, изјави Спасов.
Ова денеска го изјави Диме Спасов, министерот за труд и социјална политика, одговарајќи на прашањето во врска со пензионерите за вре