Заменик министерот за труд и социјална политика Диме Спасов кој денес се обрати на трибината во организација на Институтот „Павел Шатев“ истакна дека оваа 2016 има многу новитети во смисла на мерки за вработување кои се реализираат преку Агенцијата за вработување и има многу тековни проекти кои можат да ги искористат граѓаните.-Веќе идната недела ќе се објавуваат два нови огласи мѓутоа она што е најново е што денес е објавен оглас за четири мерки за вработување. Станува збор за три различни видови на обуки и една мерка која е во форма на грант, неповратни финансиски средства за приватните компании и невработените лица. Овие мерки се објавени денес во дневните весници, на интернет страната на АВРМ. Сите невработени лица ги поттикнувам да аплицираат на огласите во зависност од нивниот интерес. Станува збор за обука од областа на приватното обезбедување која ја реализирам во соработка со Комората на приватно обезбедување, обука од областа на туризмот организирана во соработка со Факултетот за туризам. Исто така обука за возачка дозвола од Ц и Е категорија, ова е побарувано занимање на пазарот на труд, и мобилност на работна сила во форма на грант од 92.000 денари за команијата и невработено лице,а со цел да ги поттикнеме оние кои живеат во рурално место над 30 километри од работата која им се нуди да ги покријат трошоците за превоз, објасни заменик министерот за труд и социјална политика.
Спасов додаде дека за овиемерки се обезбедени околу 8 милиони денари и ќе траат се до пополнување на планираниот број на лица.-Веќе идната недела ќе се објавуваат два нови огласи мѓутоа она што е најново е што денес е објавен оглас за четири мерки за вработување. Станува з