Граѓаните до крајот на месецов ќе може да аплицираат за мерката грант за самовработување. За оваа мерка годинава се предвидени 207 милиони денари, а ќе се поддржат околу 920 нови бизниси.Заменик министерот за труд и социјална политика Диме Спасов денес беше во посета на приватна стоматолошка ординација во Куманово, која е основана со мерката за самовработување, пред две години. Ординацијата, како што информира Спасов, сеуште работи, а има реализирано уште едно вработување преку мерките за вработување што ги нуди владата на Република Македонија за приватните компании.
-Инаку, мерката грант за самовработување, неповратни средства од 200. 000 до 350.000 денари се покажа како една од најуспешните мерки за вработување кои што ги реализираме изминатите години. Оваа прилика сакам да ја искористам за да ги поттикнам сите невработени лица кои што имаат вештини, кои што имаат одредена идеја за основање на сопствена компанија, кои што познаваат одреден занает, кои што сакаат сами да се вработат, да го искористат овој проект, да ја искористат оваа мерка и да аплицираан на огласот кој што се уште е во тек, порача Спасов.
Имено вториот оглас за грант за самовработување, неповратни средства од 200. 000 до 350.000 денари е сеуште во тек, а сите заинтересирани може да аплицираат најдоцна до 30-ти овој месец.
-Оваа мерка помогна за реализирање на 7.800 компании. Оваа мерка помогна да се реализираат над 7.900 вработувања во Република Македонија и помогна во создавање на мали бизниси, кои што се и двигатели на македонската економија, рече тој.
Директорот на Агенцијата за вработување на Република Македонија Влатко Поповски информира дека годинава ќе бидат финансирани до 920 бизниси, кои што би требало според динамиката и планот за реализација во септември или октомври да ги добијат средствата.
-Покрај редовните средства од 200.000 денари колку што чини еднострано вработување со обука и со купување на опрема и репроматеријали, можеме да доделиме уште дополнителни 1.500 евра, така што некаде околу 5.000 евра може да биде комплетното финансирање, за оние дејности што се иновативни, временски одржливи и оние што самите експерти ќе ги прогласат за бизниси кои што ќе траат малку подолго, рече Поповски.
Покрај за самовработувања, лицата може да аплицираат и за средства за второ отворено работно место.Заменик министерот за труд и социјална политика Диме Спасов денес беше во посета на приватна стоматолошка ординација во Куманово, која е основана с