Спасов ќе поднесе нова кривична пријава против Ременски

По петнаесетте тужби од страна на заменик министерот за труд и социјална политика Диме Спасов до техничката министерка Фросина Ременски за разрешувањето на 15 директори на Центрите за социјални работи, денеска Спасов најави нова кривична пријава против Ременски за несовесно работење.Според Спасов, техничката министерка Ременски незаконско именувала вршител на должност, директор на Заводот за рехабилитација на деца и младинци, лице кое што не ги исполнува условите согласно законот и согласно Статутот на овој завод за што денеска ќе и биде поднесена кривична пријава.
И понатаму ќе ја следиме работата на техничката министерка Ременски, би сакал да ја повикам да престане да врши притисоци, реваншизам и закани врз вработените во министерството и институциите под министерството. Да престане да ја бара вината кај сите освен кај самата неа . Таа веќе неколку месеци е министер во Министерството за труд и социјална политика и редно време е да се зафати со реалните потреби на граѓаните и во институциите кои што се во надлежност на министерството, истакна Спасов.
Според него доколку изминатите неколку месеци Ременски била посветена на проектите кои што се реализираат преку министерството и доколку секојдневно ги следела секторите и институциите немало да има задоцнување со проектите и доцнење во јавните набавки во министерството.
-Меѓутоа тоа за жал се случува, има голем хаос во институциите. Тоа граѓаните го препознаваат и на 24 април ќе го стопираат ова деструктивно работење од страна на функционерите на СДСМ, рече Спасов.
Во врска со тужбите за разрешувањето на петнаесетте директори на институции Спасов посочи дека се чека одлуката на Вишиот управен суд за понатаму да бидат превземени одредени конкретни дејствија согласно одлуката на Вишиот управен суд.Според Спасов, техничката министерка Ременски незаконско именувала вршител на должност, директор на Заводот за рехабилитација на деца и младинци, л

Пронајдете не на следниве мрежи: