Диме Спасов од ВМРО-ДПМНЕ денеска беше на средба со граѓаните во Горно Количани, општина Студеничани.– ВМРО-ДПМНЕ е партија која што стои позади ветеното. Изминатите десет години го дадовме својот максимум во реализација на проекти коишто ги решаваат секојдневните проблеми на граѓаните на РМ, на жителите на секое населено место и овде во Студеничани и во сите останати општини. Намалувањето на невработеноста, креирањето на нови работни места, грижата за пензионерите, грижата за социјално ранливите категории, привлекувањето на нови странски инвестиции, изградбата на водоводи, градинки, патишта, автопатишта, се сеуште во фокусот на ВМРО-ДПМНЕ, рече Спасов.
Ние, додаде тој, и понатаму ќе продолжиме да реализираме проекти со коишто директно ќе го подобруваме животот на граѓаните на Република Македонија.
– ВМРО-ДПМНЕ е препознатлива партија меѓу граѓаните, секаде каде што одиме сме срдечно пречекани. Ние не сме овде само за пред кампањите, пред изборите, туку овде сме постојано. Ги следиме проектите коишто сме ги ветиле, остануваме на дадениот збор за нивна реализација. Граѓаните многу добро знаат дека она што ВМРО-ДПМНЕ она што ќе го вети, она што ќе го предвиди како проект, истото и ќе го реализира, истакна Спасов.
Посочи и дека ВМРО-ДПМНЕ е партија која што се грижи за заштита на македонските национални интереси.
– Ние до последно ќе работме да ги зачуваме, да ги заштитиме македонските национални интереси, да го заштитиме единството во РМ. И понатаму продолжуваме со реализација на низа проекти со коишто ќе го подобруваме животот на секој граѓанин во РМ. Граѓаните многу добро знаат која е разлика помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и помеѓу СДСМ. СДСМ не води никаква грижа за потребите на граѓаните. Се обидуваат со манипулации, со злоупотреби, со лаги и конструкции, со политички прес-конференции да дојдат на власт. Тие знаат дека нема да победат на изборите и знаат дека ги чека најголемиот пораз во нивната историја, рече Спасов при посетата на Горно Количани.– ВМРО-ДПМНЕ е партија која што стои позади ветеното. Изминатите десет години го дадовме својот максимум во реализација на проекти коишто ги