Спасов: На 11 декември народот ќе гласа против СДСМ, затоа што е против нивните деструктивни активности

Во рамки на средбите со граѓани кои ги остваруваат високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ, Диме Спасов денеска е во посета на Македонски Брод.Од таму, Спасов и граѓаните порачаа дека е време да се стави крај на кризата.
-На 11 декември народот ќе гласа против СДСМ, затоа што е против нивните деструктивни активности, затоа што народот е против дестабилизација на Македонија и затоа што е против разнебитување и на нашата држава. Народот е против воведување на двојазичност на целата територија на Македонија, вели Спасов.
Додава дека народот многу добро знае што направи ВМРО-ДПМНЕ изминатите 10 години и ги знае реализираните проекти , големиот број на мерки кои што се реализирани со цел подобрување на животот на граѓаните во секоја општина во Македонија.
-Подобрена е бизнис климата во Македонија, реализирани се мерки за привлекување на голем број на странски инвестиции и отворање на нови работни места. Во Дуинг Бизнис Македонија е рангирана како 10-та земја во светот што е огромна потврда за успехот кој го постигнуваат политиките кои ги реализира Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, вели Спасов.
Во изминативе 10 години се намали невработеноста на историски најниско ниво на 24%.
-Ако во Македонски Брод имаше 2600 невработени во 2006 година денес во евиденцијата има околу 1.700. Тоа е за околу 33% намалување на невработеноста во оваа општина. На нивно на Македонија, ако невработеноста беше 38% во 2005, или на историски највисоко ниво, денеска невработеноста е на историски најниско ниво односно 24%. Граѓаните ќе го дадат својот глас за ВМРО-ДПМНЕ затоа што сакаат проектите за подобрување на нивниот живот да продолжат и да се продолжи со реализација на нови мерки и проекти. За изградба на автопати, болници, училишта, градинки, со отворање на нови работни места и со решавање на реалните проблеми кои ги засегаат граѓаните, заклучи Спасов.Од таму, Спасов и граѓаните порачаа дека е време да се стави крај на кризата.
-На 11 декември народот ќе гласа против СДСМ, затоа што е про

Пронајдете не на следниве мрежи: