Спасов: Ова е очаен обид да се запрат моите активности и да се блокираат проектите што се реализираат

Јас возилото на Агенцијата за вработување го користев врз основа на Договор за техничка соработка со уредно полномошно и сѐ е согласно закон, вели заменик министерот за труд и социјална работа Диме Спасов.-Техничката министерка Ременски ми нема обезбедено основни услови за работа, јас ниту имам службено возило од МТСП, ниту имам соодветни канцеларии за мене и мојот кабинет. Веднаш после назначувањето за министер, таа не се потруди да ми ги обезбеди основните услови за работа, ниту се заинтересира. Откако беше именувана јас веднаш истиот ден и го ставив на располагање министерскиот кабинет и службеното возило, истакнува Спасов.
Тој вели дека ова е очаен обид да се запрат неговите активности и да се блокираат проектите кои ги реализираат.
-Нечесно и реално многу ниско. Ова за прв пат ќе го кажам во медиуми. Јас во МТСП, во зградата каде е Министерството и други институции, сум на 3-ти кат во простории кои не се на Министерството, односно во простории во кои беше сместено Министерството за финансии, а откако се иселија требаше да се смести дел од Управа за имотно правни работи, но бидејќи не ми беа обезбедени простории за работа го замолив директорот да ми ги отстапи просториите за нормално да можеме да ги извршуваме работите. Ова е стилот на работа на СДСМ и нивните функционери кои со нивните активности покажуваат голема некадарност и непрофесионалност, со смислени конструкции само да се наштети. Тоа е начинот на кој тие функционираат, нагласува Спасов.
Заменик министерот за труд и социјална политика дециден е дека овој случај нема да го скрши и дека нема да дозволи преку невистини да се наштети на угледот на една личност, додавајќи дека како и досега така и во иднина ќе продолжи да работи во интерес на граѓаните.-Техничката министерка Ременски ми нема обезбедено основни услови за работа, јас ниту имам службено возило од МТСП, ниту имам соодветни канцеларии

Пронајдете не на следниве мрежи: