Спасов: Поради владината поддршка се зголемува интересот на изградба на домови за стари лица

Ја намаливме вредноста на почетната цена на градежното неизградено земјиште, почетната цена е едно евро за метар квадратен, а исто така се намалени и комуналиите за 95 проценти, изјави за ТВ Нова министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, говорејќи за пакетот на поволности кои ги овозможи Владата, а кои се однесуваат на инвестирање за отворање на приватни старечки домови.-Оние кои сакаат да инвестираат во оваа област, можат да ги искористат и поволните кредитни линии преку Македонската банка за поддршка на развојот, исто така и мерките за вработувања кои се реализираат преку АВРМ. Најновиот проект „Македонија вработува“ нуди и грант средства за отварање на приватен дом за стари лица, неповратни средства што се доделуваат за опремување или изградба на ваков објект, изјави Спасов.
Според него, има интерес за отварање на ваков тип на домови за згрижување на стари лица, но постои простор за негово зголемување, бидејќи има потреба од вакви објекти.
-Се уште постои простор за зголемување на инвестициите и отварање на вакви домови. Со тоа ќе се отворат и нови работни места. Има потреба од приватни домови за стари лица. Има иницијативи има за четири нови објекти за стари лица, вели Спасов.
 
-Оние кои сакаат да инвестираат во оваа област, можат да ги искористат и поволните кредитни линии преку Македонската банка за поддршка на развојот,

Пронајдете не на следниве мрежи: