– Сојузот на здруженија на пензионери на Република Македонија денеска ја прослави 70-годишнината од основањето во новите простории кои државата им ги отстапи без надомест, како дел од постојаните напори за унапредување на состојбата на овие лица.– Ова беше долгододишно барање на Сојузот кое Владата на РМ го оствари. Долги години тие немаа свој простор и плаќаа кирија за нивните досегашни канцеларии, рече заменик-министерот за труд и социјална политика Диме Спасов.
Додаде дека Сојузот, кој денеска го прослави својот јубилеј, е најголема невладина организација во Македонија, која, како што рече, низ децениите прераснала во респектабилен фактор во оопштеството како резултат на нивната бројност, многуетничност, но и нивните заложби за правата и интересите на кориснициите на пензии.
– Тие се наш долгогодишен социјален парнер со кој реализиравме голем број поволности за подобрување на животот на пебзионерите. Изминатите 9 години просечната пензија се зголеми за 70 проценти, но поволностите за подобрување на животот на корисниците на пензија и натаму породолжуваат. И годинава е планирано зголемување на пензиите за 5 проценти и редовна исплата во првата недела од месецот. Планирано е продолжување на проектите за бесплатно бањска-климатска рекреација и бесплатен туристички викенд при што ќе опфатиме 8.500 пензионери во овие две услуги, истакна Спасов.
Најави дека ќе продолжат и проектите за отворање дневни центри во Македонија, бесплатниот градски превоз во Скопје, бесплатен превоз еден викенд во месецот во железничкиот сообраќај а исто така, рече, планирана е и реализација на едно долгогодишно барање на Сојузот за изградба на нов државен дом за стари лица во Скопје.
– Тој во голема мера ќе ги зголеми капацитетите за згрижување стари лица и пензионери кои имаат ниски примања, пензии. Ќе се реализира во три фази и ќе се удвои бројот на легла кој го има во моментот во јавните установи за згрижување стари лица во Македонија, рече заменик-министерот и натаму ќе се продолжи соработката со цел подобрување на квалитетот на нивниот живот.
Драги Аргироски, претседател на Сојзот, изрази задоволство од соработката со Владата бидејќи, како што рече, таа вродува со голем плод.
– Без заемна соработка и со Владата и со Фондот на ПИОМ немаше да се решат голем број проблеми кои ги наследивме од транзицијата, рече Аргировски.
Со остварувањето на сите овие проекти, додаде, статусот на македонските многу подобар од оние во регионот.
– Зголемувањето и редовната исплата на пензиите го имаат само пензионерите во Македонија, рече Аргировски додавајќи дека македонските просечни пензии се повисоки од повеќето земји во регионот како Србија, Бугарија, БиХ, Албанија, Косово…
Директор на Фондот за ПИОМ Шаип Зенељи информира дека просториите кои му се доделени на Сојозот на здруженија на пензионери се на институцијата со која раководи и за тоа нема да плаѓа надомест.
Пензионерите, рече, се значаен дел на општествениот живот и ние како Фонд сме дел од екипата која придонесува за подобрување на нивниот секојдневен живот и додаде дека се подготвени за натамошни проекти и соработка.– Ова беше долгододишно барање на Сојузот кое Владата на РМ го оствари. Долги години тие немаа свој простор и плаќаа кирија за нивните досега