Диме Спасов од ВМРО-ДПМНЕ денес оствари средба со Здружението на пензионери од Тетово со цел презентација на проектите од програмата „Реално“ на партијата која ја претставува а се наменети за пензионерите.Додека владите на СДСМ, како што истакна Спасов во минатото ги понижуваа пензионерите и ги намалуваа и доцнеа со исплата на пензиите во последните 10 години направен е сериозен исчекор во унапредување на нивниот статус и животен стандард.
Како потврда на заложбите на ВМРО-ДПМНЕ за оваа категорија на граѓани Спасов го зголемувањето на пензии па така ако најниската пензија во 2006 година изнесувала 4330 денари денес изнесува 8895 денари.
Просечната пензија изнесувала 7688 денари 2006 а во декември годинава таа изнесува 13750 денари. Во контекст на зголемувањата тој ја спомена исплатата на пензии овој месец зголемени за 5 % и кажа дека во новата програма предвидено е дополнително зголемување за 10,25% до 2020 година.
Здравјето и рекреацијата на пензионерите се од значење и за државата, токму затоа се спроведуваат проектите бањско-климатска рекреација кој до сега го искористиле 36 700 пензионери рекреација и бесплатен туристички викенд кој до сега имале можност да го искористат 6000 пензионери.
Диме Спасов пред присутните нагласи дека и двата проекта ќе продолжат со реализација при што ќе бидат опфатени во наредните 4 години нови 20000 пензионери односно 15000 пензионери. Од огромно значење е најавената изградба на старски домови кои ќе згрижуваат лица со ниски примања и кои немаат имот. Изградбата, како што напомена Спасов ќе биде во три фази при што идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе инвестира во изградба на три домови за стари лица со што ќе се дуплира постојниот сместувачки капацитет во домови за стари лица.
Предвидено е во првата фаза до крајот на 2018 година да се изгради дом за стари лица, кој ќе биде со капацитет од 150-170 легла со 24-часовна поддршка за пензионери кои имаат ниски месечни примања и се материјално необезбедени.
Во 2019 година ќе се започне со реализација на изградба на втор нов дом за стари лица со капацитет од 170 легла и во 2020 година ќе се започне со градба на третиот нов дом за стари лица со капацитет од 170 легла. Пред присутните Спасов ги презентираше и двата нови проекти од програмата за парламентарните избори Денови за попуст за пензионери и Пензионерска придобивка.
Попуст за набавка на производи за корисници на пензија е проект со чија реализација ќе се овозможат олеснителни околности за живот на старите лица. Проектот пензионерска придобивка предвидува како што образложи Спасов продажба на стоки и услуги на рати на пензионерите така што ќе имаат можност за плаќање на рати. Ова се однесува при купување на стоки за широка потрошувачка, медицинска опрема, оптички помагала и лекови, при набавка на огревни дрва и туристички услуги Диме Спасов нагласи дека ова е начинот на работа на ВМРО-ДПМНЕ преки конкретни дела и реализација на проекти.
Слух за барањата на пензионерите е нивна одлика за разлика од СДСМ кој како политички противник се служи со манипулации и ширење страв. Тие немаат визија и немаат идеја освен сплетки и интриги. Присутните искажаа задоволство од посетата и можноста да се размената мислења кои се на општ интерес за старите лица.Додека владите на СДСМ, како што истакна Спасов во минатото ги понижуваа пензионерите и ги намалуваа и доцнеа со исплата на пензиите во последните