Дополнителен заменик министер за труд и социјална политика Диме Спасов, реагира на ставовите изнесени од страна на техничкиот министер за труд и социјална политика Фросина Ташевска Ременски во медиумите.Интегрален текст од реакцијата на Диме Спасов
Денешната реакција на техничката министерка за труд и социјална политика укажува единствено на нејзиниот очаен обид да го прикрие сопственото незаконско работење и целосниот хаос кој го остави позади себе во министерството за труд и социјална политика.
За нејзините постапки сведочат не само закочените проекти туку и нула реализирани проекти од нејзина страна во шест месеци мандат, ангажирањето на партиски лица во министерството, реваншизам кон вработените, незаконски разрешувања и разместувања и непочитување на судски одлуки со цел спроведување на партиски интереси. Со своите незаконски постапки направи целосен застој во работата во министерството и институциите во состав.
Од овие причини против неа досега поднесени се тужби при што судот има донесено 22 решенија за времена мерка каде се забранува техничкиот министер да превзема дејствија за спорните разрешувања а поради непочитувања на судските одлуки против Ременски е поднесена и кривична пријава за неспроведување на судска одлука. При едностраното и незаконско именување на в.д директори дополнително Ременски назначи лица без соодветно образование спротивно на Закон и Статут на институциите за што и се поднесени 3 кривични пријави за злоупотреба на службена должност.
Донесени се и 3 пресуди од Управен суд и во тек се останатите судски постапки. По однос на спорните решенија донесени се и 14 решенија од Државна Комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен со кои се уважуваат жалбите на незаконски разрешените директори.Ременски изминатиот период целосно го игнорираше Законот за Влада и ги газеше обврските и правата кои произлегуваат од Законот. Тоа се однесува и на донесените решенија за разрешување на директорите на Центрите за социјална работа и јавните установи и именување на в.д директори како и во разгледувањето и потпишувањето на сите останати акти и документи кои беа носени без двоен потпис при што согласно закон тие немаат правна сила.
Владата на Република Македонија ги поништи незаконските одлуки на техничката министерка бидејќи има должност да го направи тоа согласно Закон за Влада кој пропишува:
-врз основа на член 30 од законот за Владата на Република Македонија, Владата е таа што врши надзор над работата на министерствата и другите органи на државната управа и управните организации. Владата има право и должност да укине или поништи пропис или друг акт на министерствата, органите на државната управа и управните организации кој не е во согласност со Уставот, закон или друг пропис на Собранието, односно пропис на Владата.
-врз основа на член 45 од Закон за Владата на Република Македонија техничкиот министер во Министерството за труд и социјална политика се именува за организација на предвремените избори за пратеници во 2016 година.
-врз основа на член 46 од Закон за Владата на Република Македонија мандатот на дополнителниот заменик на министерот трае од денот на неговиот избор до денот на изборот на Влада по завршување на предвремените избори за пратеници што ќе се одржат во 2016 година.
-дополнителниот заменик на министерот заедно и рамноправно со министерот учествува во остварувањето на надлежностите предвидени во Законот за организација и работа на органите на државната управа.
-дополнителниот заменик на министерот, заедно и рамноправно со министерот ги разгледува и ги потпишува сите акти и документи кои ги донесува министерот или лица овластени од него, заменикот на министерот како и државниот секретар во соодветното министерство, а се однесуваат на правните, финансиските и кадровските прашања поврзани со организацијата на изборите.
-секој акт во смисла на овој закон се доставува до министерот и дополнителниот заменик министер. Министерот и дополнителниот заменик министер се должни веднаш а најдоцна во рок од еден ден да го одобрат или одбијат актот во смисла на овој закон.
-врз основа на член 47 од Закон за Владата на Република Македонија ако актот или документот е одобрен т.е. потпишан само од едното лице се смета дека истиот НЕ ПРОИЗВЕДУВА правно дејство.
Одлуката на Владата нужно е да се почитува и незаконските решенија донесени од нејзина страна се поништени и немаат правна сила. Директорите на Центрите за социјална работа и јавните установи и сите кадровски разместувања кои се спротивни на Закон и без согласност на дополнителниот заменик министер повеќе не важат.
Доколку Ременски продолжи со незаконски дејствија ќе сноси кривична одговорност и ќе одговара пред Закон и суд.
Техничката министерка од самото стапување на функцијата не разбра дека функцијата значи одговорност и дека мора да ги почитува законите а не партиските инструкции. Денес покажа огромна нервоза преку изречените небулози и паушално повикување на закони без да ги познава. Тоа нема да ја амнестира од сносење одговорност за секое непочитување или прекршување на законите кои ги направи минатите шест месеци.Интегрален текст од реакцијата на Диме Спасов
Денешната реакција на техничката министерка за труд и социјална политика ука