Со право можеме да кажеме дека ВМРО-ДПМНЕ го врати достоинството на пензионерите односно старите лица во Република Македонија. Со многу проекти влијаевме да се подобри нивниот статус во различни сегменти од нивното севкупно живеење, истакна Диме Спасов на денешната прес-конференција.-Оваа Влада обезбеди исплата на пензии секоја прва седмица од месецот истовремено за сите пензионери. Дополнително го јакневме стандардот на пензионерите така што најниската пензија ја зголемивме за 90,32% од 4.330 денари во 2006 година на 8.241 денари во 2015 година. Додека пак просечната пензија ја зголемивме за 70,1 % во 2006 таа изнесуваше 7.688 денари а во 2015 13.077 денари.
На барање на Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија, додаде Спасов, ги превзедовме проектите Бањско-климатска рекреација и Бесплатен туристички викенд за пензионери кој исклучително допринесуваат за здравјето на нашите сограѓани во третото доба.
-Бањско климатската рекреација од 2010 година до 2015 ја искористиле над 32.630 лица а проектот бесплатниот туристички викенд кој го започнавме минатата година го искористија над 2500 лица. Проектите продолжуваат со реализација и во 2016 година.
Згрижувањето и квалитетното поминување на времето, според него, е начин на забавување на процесот на стареeње кај старите лица.
-За таа цел развивме мрежа на дневни центри за стари лица низ целата држава и досега се отворени вкупно девет дневни центри. Паралелно ги подобрувавме условите за живот и престој на корисниците во постоечките старски и пензионерски домови. Во 2014 година го отворивме новиот современ објект на Дом за стари лица „Сју Рајдер“-Битола а во 2015 година ставен е во функција Дом за стари лица „Д-р Иван Влашки“ – Берово.Спроведовме и реконструкција на пензионерските домови во Ѓорче Петров и Чаир а во 2015 година се реконструираа и пензионерските домови во општина Аеродром, општина Гази Баба. Со цел да го стимулираме отворањето на приватни домови за стари лица а со тоа да се зголемуваат капацитетите за сместување на стари лица донесовме пакет поволности и тоа: продажба на градежно земјиште по цена од 1 евро за м2, намалување на цената на комуналните такси за 95%, поддршка преку Македонската банка за поддршка на развојот, Агенција за поттикнување на претприемништво и Агенција за вработување на Република Македонија, подвлече Спасов.
Потсети дека до сега се отворени 17 приватни установи за социјална заштита на стари лица.
-Исто така, продадени се 3 локации (во Општина Аеродром, во Општина Илинден и во Општина Охрид), продадени се и два објекта со намена за изградба на дом за стари лица (во Општина Пехчево и во Општина Петровец-Катланово). Во насока на подршка на заинтересираните инвеститори за отворање приватни старски домови, Агенцијата за вработување од годинава доделува неповратни средства за набавка на основни средства и опрема за домови за стари лица со минимум капацитети за сместување на 40 лица и минимум 4 вработувања во висина од 750.000 денари.
Во однос на намалување на трошоците за превоз на пензионерите, Спасов рече дека е обезбеден бесплатен јавен транспорт во градскиот сообраќај во Скопје во текот на четири дена во неделата и бесплатен викенд за стари лица за превоз во железничкиот сообраќај низ државата за мажи над 64 години и жени над 62 години, при што досега оваа мерка ја имаат искористено над 40.000 лица.
-Сакајќи да ги вклучиме пензионерите во процесот на носење на одлуки за иницијативи поврзани за нив во 2015 година го формиравме Советот за социјална сигурност во кој членуваат претставници од Сојуз на здруженијата на пензионерите, експерти, претставници на државни институции. Овој чекор директно покажува дека како Влада придаваме огромно значење на унапредувањето на правата на пензионерите во Република Македонија, истакна Спасов.-Оваа Влада обезбеди исплата на пензии секоја прва седмица од месецот истовремено за сите пензионери. Дополнително го јакневме стандардот на пензио