ВМРО-ДПМНЕ стана партија која е препознатлива кај народот, партија која ветеното го реализира. Она што е дел од нашата програма, она што е ветено пред граѓаните станува реалност. Ние ветуваме конкретно одмерени проекти, со рокови за реализација, со финансиски буџет и токму поради тоа граѓаните ни веруваат, истакна заменик министерот за труд и социјална политика Диме Спасов пред жителите на Ранковце во рамки на трибината на ВМРО-ДПМНЕ.- Оваа година за прв пат во историјата се градат толку автопати во исто време. Како никогаш досега Република Македонија бележи историски најнизок процент на невработеност: 25,5 проценти. Тоа се нема случено досега во независна Македонија. Пензиите се зголемуваат, оваа година се зголемија за 5%, а септемвриската пензија повторно ќе биде зголемена за 5 проценти, 70% за девет години просечната пензија се зголемува, истакна Спасов.
Социјалната помош е зголемена за над 60 проценти, вели Спасов.
– За разлика од ова, позади СДСМ не стои ништо, никакви проекти. Тие немаат идеја што би правеле во иднина, немаат ниту еден конструктивен проект кој би го променил животот на илјадници граѓани, додаде заменик министерот за труд и социјална политика.
Тој ги спомена и низата мерки и проекти кои ВМРО-ДПМНЕ ги има спроведено во насока на отворање на нови работни места и намалување на невработеноста.- Оваа година за прв пат во историјата се градат толку автопати во исто време. Како никогаш досега Република Македонија бележи историски најнизок п