Со полна пареа работи механизацијата за расчистување на теренот во најпогодените реони од големото невреме што го зафати скопскиот регион во саботата. Во Сингелиќ, Стајковци, Арачиново, Црешево и Инџиково механизацијата работи под полна пареа.Со пумпи се празнат подруми и дворови, а со багери се расчистува огромниот нанос. Покрај војската, полицијата и работниците од јавните претпријатија на помош се јавија и голем број на волонтери кои со автобуси организирано се носат на кризните локации за расчистување и пребарување на теренот.
На терен и денеска се премиерот Емил Димитриев и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, но и голем број други претставници на Владата.
Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов, вели дека во текот на денов ќе се расчистуваат локалните патчиња и дворовите на поплавените граѓани.
-Во моментот има околу 100 припадници на АРМ, исто така има околу 120 сезонски работници и поголем број на волонтери кои што се пристигнати во Стајковци. Само што заврши распределувањето по населени места и по улици, планот е системски да се пристапи од куќа во куќа и да се обезбеди координирано расчистување на дворовите и на куќите. Во исто време пристигнуваат и поголеми количини на вода, исто така и над 1.000 оброци за жителите на Стајковци, рече министерот Спасов во изјава за Канал 5.Со пумпи се празнат подруми и дворови, а со багери се расчистува огромниот нанос. Покрај војската, полицијата и работниците од јавните претпријатиј