Техничкиот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски доживеа тежок дебакл со синоќешната акција на полицијата која заврши со ниту едно приведено лице и покрај ангажманот на стотици специјалци на терен. Во текот на акцијата, опозициските медиуми постојано креваа паника и создаваа тензии кај граѓаните.СДСМ преку своите медиуми и портали финансирани од СОРОС креираа страв и паника меѓу граѓаните, вршејќи директен пренос каде и колкав број од специјалните единици биле ангажирани. Дел од опозициските медиуми оркестрирано излегоа со информации за голема полициска акција во кумановско и скопско Арачиново, кревајќи паника кај граѓаните за можно повторување на случувањата од Диво Насеље од мај минатата година.
Опозициските портали ја злоупотребија ситуацијата за создавање на чувство на немир и паника меѓу населението, објавуваjќи небулози дека се работело за напад од Косовски терористички групи кои тука биле дојдени за да извршат терористички напади со цел ослободување на командант Соколи.
Покрај редовните манипулации на соросовите портали, во целата ситуација дополнително скандалозни беа информациите објавени од телевизија Телма, која повикувајќи се на свои извори, практично вршеше пренос каде се позициите на полицијата и каде имало блокади, односно опозициската телевизија објави дека “покрај блокадата пред влезот во Арачиново, пунктови со полициски специјалци има и кај селото Ропаљце како и на местото викано Слупчански бунар“.
Целокупното сценарио заврши со денешното признание на Оливер Спасовски дека единствен ефект од неговата најголема акција досега е вознемирувањето на јавноста и огромните трошоци направени заради неговото тотално непознавање на областа за која што е одговорен.
-Синоќа немаше акција, имавме зголелемо присуство на овој терен во светло на кризата што ја имаме и а кумановско-скопскиот регион треба да биде под поголем надзор, овој регион зашто е северен дел од границата, имаме често илегални преминувања, знаете дека имавме влез на мигранти и претходно преку оваа граница, рече Спасовски.
Техничкиот министер на прашањето дека имаше информации во некои медиуми дека полициското засилување е поради влез на вооружена група од Косово, кажа дека тоа не е точно.
-Тоа се шпекулации дека влегла група, сето што го кажав претходно, а се однесува во рамките на превентивното делување, рече тој.
Епилогот е ниту едно приведено лице и покрај ангажманот на стотици специјалци на терен и кревање во воздух на полициски хелихоптери и ангажман на десетици оклопни возила кои доцна синоќа драматицно беа вадени од полициските бази.
Од друга страна, ваквите сценарија на опозициските медиуми се веќе добро видени и прочитани од граѓаните, кои во текот на терористичката акција во Диво Насеље минатата година беа сведоци на манипулации од страна на медиуми контролирани од фондацијата СОРОС и СДСМ.
Тогаш со цел предизвикување на опшшта паника и ескалирање на состојбите, соросовите портали брутално лажеа дека полицијата убила цивили, односно мајка и дете. Денес, истите манипулираа со полициска акција која имала за цел превентивно делување.СДСМ преку своите медиуми и портали финансирани од СОРОС креираа страв и паника меѓу граѓаните, вршејќи директен пренос каде и колкав број од специ