И покрај неодамнешното разрешување на првиот човек на секторот за внатрешни работи во Битола, Методија Атанасовски, поради обвинување за нерасветлен случај со запален автомобил, извештајот за изминатата 2015 година покажува намален процент на криминалитет и зголемен процент на ефикасноста во расветлување на случаи под надлежност на СВР Битола, јавува регионалната телевизија Мега.Според податоците добиени од Секторот за внатрешни работи во Битола, криминалитетот во општина Битола во 2015 година е намален за 18,7 проценти, во споредба со минатата година. Податоците велат дека во односниот период регистрирани се вкупно 3288 кривични дела, што претставува намалување во однос на истиот период минатата година, кога беа евидентирани 3644 кривични дела, што значи дека има намалување за 10%. Во 2015 година до СВР Битола поднесени се 202 пријави против сторители.
Споредбено со 2014, поднесени биле 185 пријави, што значи дека има зголемување за 9,2 %.Истовремено, зголемена е ефикасноста на службата во пронаоѓањето на сторителите на тешките кражби, ефективност на расветлување на дела со непознат сторител има зголемување за 1%. Изминатата 2015 година СВР Битола бележи 18 % ефикасност, а во 2014 17% ефикасност во расветлувањето на случаите.
Анализирајќи го криминалитетот по видови СВР Битола бележи пад на број од кривични дела од областа на разбојништвото. Така, во периодот од јануари до декември 2015 година евидентирани се вкупно 21 пријава за разбојништво, споредбено со 2014 година кога биле 31. Тука бележи намалување за 32,3 %. Ефективноста во расветлување на разбојништва споредбено со 2014 година е зголемена, односно во 2015 има 76%, а во 2014 година 55 % ефикасност во расветлување на разбојништва.
И покрај тоа што како главна причина за разрешување на Атанасовски беше нерасчистен случај со опожарен автомобил, од СВР Битола информираат дека бележат намалување околу 3%, споредбено со 2014 година. А во однос на причината околу 60% се од самозапалување, додека за остатокот се подигнати траги и се работи на расчистување.
Разрешувањето на првите луѓе на скопската, кумановската, битолската, велешката и охридската полиција, се уште ја бранува јавноста. Смената на најугледните началници во македонската полиција во полициските кругови се толкува како директен партиски удар врз професионалните структури.
Нов началник на СВР Битола од 31 декември е Славко Јовановски.Според податоците добиени од Секторот за внатрешни работи во Битола, криминалитетот во општина Битола во 2015 година е намален за 18,7 проценти, во