Спасовски го вработи и Едмонд Адеми

Оливер Спасовски продолжува со брутална партизација на МВР.Press24дознава за нова скандалозна одлука на технички назначениот министер Оливер Спасовски. Иако без ден искуство во полиција, односно во МВР, Оливер Спасовски како советник го ангажирал членот на Извршниот и Централниот одбор на партијата во која тој е генерален секретар.Според информациите на порталот, од денеска дел од МВР е Едномд Адеми, член на СДСМ кој е редовен декор на сите партиски организирани протести и трибини.

 
 
Вработените во МВР биле шокирани кога го виделе мислејќи дека после првичната опсада и преплавување на министерството со партиски кадри без никакво искуство во полицијата, операцијата на Спасовски завршила.
Веднаш по доаѓањето на позицијата технички министер Спасовски ја ангажираше Магдалена Несторовска, претседател на советничката група на СДСМ во општина Карпош.
 

-Последен во низата истакнати партиски кадри кои ги вдоми Оливер Спасовски е Горан Трајановски. Овој член на СДСМ кој преходно беше Претседател на партиската комисија за информатичко општество сега е назначен за Државен советник за телекомуникации и информатика,
Владимир Пивоваров кој исто така влезе во кабинетот на Спасовски беше дел од комисијата за Безбедност на СДСМ.

 
Лазе Велковски кој од Спасовски е назначен за државен советник за полициски и криминалистички работи стана познат во јавноста како обезбедување на Радмила Шеќеринска, иако беше вработен во Агенцијата за разузнавање од каде што беше преземен во МВР.
Технички назначениот министер за внатрешни работи одлучил да и ја честита новата година на неговата колешка Фросина Ременски. Без никаков интереноглас одлучил, спротивно на Законот за внатрешни работи да го унапреди нејзиниот сопруг за цели четири позиции. Јовче Рменски од самостоен инспектор во ПС Гази Баба со 720 бода е распореден на позиција генерален советник –  инспектор во Кабинет на УБК со 1050 бода, што е незаконски скок од 4 нивоа, односно рушење на целиот систем за кариера во МВР. При тоа Ременски ниту врши исти, ниту сродни работи како што предвидува Законот, потсетува порталот.
Едмонд Адемои повикуваше да се лее крв по улиците
Токму Едмонд Адеми во статус објавен на Фејсбук пред повеќе од една година повикуваше на пролевање на крв.
Според информациите на порталот, од денеска дел од МВР е Едномд Адеми, член на СДСМ кој е редовен декор на сите партиски организирани протест

Пронајдете не на следниве мрежи: