Техничкиот министер за внатрешни работи од редовите на СДСМ, наместо на работното место во МВР преселен е во штабот на СДСМ каде што заедно со Заев координираат создавање на хаос во Македонија. Вечерва штабот на СДСМ е местото каде што се собираат сите оние на кои им е наложено да предизвикаат поголема криза и хаос во Македонија.Прв на листата е Оливер Спасовски, а покрај него присутни се и лица од СЈО, правни експерти како и пропагаторите од Србија и сите заедно коваат план со кој ќе го спроведат хаосот во земјата, објави infomax.mk.
На координацијата присутен е и Мики Вујиќ кој притигна во паника, најверојатно повикан за да толкува дали некој од присутните може да биде кривично гонет за активностите кои ги преземаат. Заедно со Вујиќ пристигнаа и лица од СЈО кои беа во придружба на обезбедување.
Порталот од свои извори пренесува дека по завршувањето на прес конференцијата на СЈО од штабот на СДСМ во текот на попладневните часови и вечерва панично се вртело на телефони и се барале контакти во судството блиски до СДСМ, од кои се барало да се изврши притисок и да се определи мерка притвор за повиканите лица.
Дознаваме и дека телефоните биле жешки и на линија со странските амбасади кои редовно искажуваат поддршка на Заев, СДСМ и Катица Јанева. На линија и најактивен бил Гаврил Бубевски, кумот на адвокатот на Заев Филип Медарски, кој е и најистурен играч во тимот на Катица Јанева и кој служи за пренесување на нарачките од Заев до Катица.Прв на листата е Оливер Спасовски, а покрај него присутни се и лица од СЈО, правни експерти како и пропагаторите од Србија и сите заедно коваат пла