Оливер Спасовски како министер за внатрешни работи, има можност да ги обезбеди материјалите кои ги поседува лидерот на СДСМ, Зоран Заев.Сепак, својствено за СДСМ, тој одбира да не го почитува законот и да се стави на страната на партиските интереси, наместо на интересите на граѓаните и државата. Инаку, рокот до кој Заев требаше да ги предаде илегално стекнатите прислушкувани материјали на СЈО Катица Јанева истече на 30- ти ноември, но првиот човек на СДСМ повторно не го испочитува тоа за што претходно дал збор.
Со ова повторно се прави обид, од страна на Заев и неговите соработници за кршење на законите, како и на договорот од Пржино, на кој тие постојано се повикуваат. Манипулациите на СДСМ отидоа доттаму што попладнево партискиот портпарол Петре Шилегов изјави дека тие биле спремни да ги предадат материјалите, но тоа не го правеле затоа што Специјалното обивнителство немало услови да ги заштити.
Од друга страна пак, специјалниот обвинител Катица Јанева се поставува како параван за кршењето на закони, со што станува очигледен партиски послушник и соработник на Зоран Заев. Ова е единствената обврска која досега, согласно роковите од Пржино не е исполнета, обврска која е согласно и законот за СЈО. Се преостанато, со помало или со поголемо задоцнување е исполнето, како нов закон за избори, нов закон за влада и заменици, нов состав на ДИК. После сето ова, Заев и СДСМ не ја почитуваат единствената нивна обврска од договорот и дополнително делуваат деструктивно во однос на ова прашање.
Според Шилегов, денешиот допис на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) ги потврдил и нивните сознанија дека во моментов нема услови за таква заштита на материјалите. Соодветна заштита на материјалите, вели тој, подразбира и соодветно 24-часовно обезбедување, коешто СДСМ не знаат дали е обезбедено, бидејки се уште не е донесен Законот за јавнообвинителска служба.
Паралелно на ова, логично е да се постави прашањето: Каква врска има законот за јавно обвинителска служба со обезбедувањето на услови за материјалите кои ги поседува Заев? За тоа потребни се три услови, сеф- кој го имаат, просторија- која ја имаат и полиција- која е министерствувана од нивниот кадар Спасовски.
Горенаведеното го имаат, а се останато е кршење на закон и злоупотреба на специјалната јавна обвинителка како алиби за да не се предаваат материјалите- и секако, стравот од избори.
Со договорот од 2 јуни, во член 6, алинеја 3 се вели дека СДСМ по враќањето во Собранието ќе ги предаде материјалите на Јавното обвинителство за итно постапување. Тоа значи дека Заев се обврза на враќање на материјалите со денот на враќањето на пратениците на СДСМ во Собранието на 1 септември. Оттогаш се поминати речиси три месеци.Сепак, својствено за СДСМ, тој одбира да не го почитува законот и да се стави на страната на партиските интереси, наместо на интересите на граѓанит