Техничкиот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски од СДСМ, ја намести специјалната јавна обвинителка Катица Јанева за незаконското приведување на Едмонд Темелко.На новинарско прашање „дали е вистина дека немало налог за приведување на градоначалникот на општина Пустец, Едмон Темелко“,Спасовски истакна дека активностите кои се спроведуваат во однос на оперативната акција „Титаник“ ги води Специјалното јавно обвинителство и е постапено по нивна наредба.
– Се што е преземено, е преземено врз основа на наредба на СЈО, одговори министерот за внатрешни работи.
Со ова Спасовски целосната вина за незаконско постапување ја префрла на сметка на Јанева, а на грбот на СЈО ја префрла и вината за другите отворени прашања.
Прашан зошто е приведен Темелко, а не и останатите осомничени, Спасовски упати на одговор до СЈО бидејќи, посочи, тие ја водат оперативната акција.
Спасовски се прогласи и за ненадлежен за прашањата за сопартиецот Чаушот обвинет за тешки дела. На прашањето дали заврши вештачењето на панцирите пронајдени во „фабриката на афери“ на Чаушот, тој рече дека се работи на таа истрага, но за подетални информации упати во Јавното обвинителство за организиран криминал.
Оливер Спасовски е актуелен технички министер за внатрешни работи и тој треба да го има одговорот на овие прашања кои се во надлежност како на СЈО, така и на МВР. Но по скандалозните кршења на законите, Спасовски очигледно има за цел да ја намести Јанева и нејзиниот тим.На новинарско прашање „дали е вистина дека немало налог за приведување на градоначалникот на општина Пустец, Едмон Темелко“,Спасовски и