Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски повторно и повторно ја лаже јавноста. А неговите лаги, како и сите лаги сервирани до сега од страна на СДСМ се со краток век на траење.Вистината излегува на виделина, овој пат со видео доказ. Имено, по јавниот линч кој синхронизирано го спроведоа опозициските медиуми врз заменик министерот за труд Диме Спасов кој беше во режија на СДСМ, телевизија Сител излезе со ексклузивно и шокантно видео на кое јасно се гледа дека врз Спасов била извршена потера и при тоа било користено огнено оружје како заплашување.
Пред да излезе видеото во јавниот етер, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски одржа прес конференција, како одговор на интервјуто на Спасов кое го даде за Тв Нова.
За потсетување, видеото на Сител беше емитувано во 16 часот, а прес конференцијата на Спасовски беше закажана во 15:30 минути.
На прес конференцијата Спасовски ја излажа јавноста и рече дека постојат аудио и видео записи дека Спасов го управувал возилото и дека не бил ниту бркан ниту пак нападнат од кого било.
Спасовски во стил на „ликот и делото“ на СДСМ, продолжува да лаже.
Веднаш потоа во дневникот на Сител беше објавена видео снимка од безбедносни камери на кое јасно се гледа дека Спасов не само што бил бркан низ скопските улици, туку врз него била спроведена сила и закани со огнено оружје.
Спасовски и до сега се покажа како еден од најлошите министри за внатрешни работи, во краткиот мандат кон не го доби од граѓаните, туку преку политички договор. Па наместо да ја извршува својата улога на министер за внатрешни работи соодветно, тој го користи министерството и неговата структура за политички хајки.
Токму поради ваквите примери, СДСМ не ја добива довербата од граѓаните, бидејќи кој би верувал во луѓе кои лажат како што тоа го прават функционерите на СДСМ, одново и одново.Вистината излегува на виделина, овој пат со видео доказ. Имено, по јавниот линч кој синхронизирано го спроведоа опозициските медиуми врз заменик ми