Техничкиот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски наредил соработникот на Зоран Заев, Захир Бекири Чауш од социјалните мрежи да ги избрише заедничките фотографии.Профилот на Чауш на социјалната мрежа Фејсбук синоќа беше отворен, но заедничките фотографии со Спасовски, кои јавноста имаше можност да ги види, се отстранети. Денес неговиот Фејсбук профил не постои.
Вчера првосомничениот во „Фабриката за афери“ на СДСМ, Чауш објави фотографија од затворот Идризово.
Остана отворено прашањето од каде му е мобилниот телефон на Чауш во Идризово, особено ако се знае дека е строго забранет во затворите, а казната за користење е одреден период во самица.
Пресс24, пак, вчера објави и дека специјалната обвинителка Катица Јанева е пријателка на социјалната мрежа со сопартиецот и соработник на Заев.
На листата пријатели на Чаушот може да се најде и потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски, советникот на ЛДП во Советот на Град Скопје Зоран Шапуриќ како и пратеникот на опозицијата во македонското Собрание, Љубомир Јосифовски.
Профилот на Чауш на социјалната мрежа Фејсбук синоќа беше отворен, но заедничките фотографии со Спасовски, кои јавноста имаше можност да ги види, с
Пронајдете не на следниве мрежи: