Спасовски по теркот на Заев: Сквернавењето на крстот во Бутел не е нарушување на јавниот ред и мир?!

Техничкиот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски од СДСМ, излезе со неочекувана изјава во текот на вчерашниот ден.Тој кажа дека кршењето и сквернавењето на местото каде беа осветени темелите на крстот во Бутел, не било нарушување на јавниот ред и мир.
Јавноста јасно виде буквално дивеење на местото, а Спасовски се пофали дека немало нарушување на јавниот мир и дека бил сочуван редот.
-Полицијата постапи според правилата и сметаме дека најважно од сѐ е да го зачуваме мирот и стабилноста и да не овозможиме да имаме ескалација на судирите. Најлесно е да го запалите огнот, меѓутоа најважно е да имаме превенција и да не дозволиме ескалација на состојбата, рече Спасовски.
Мирот и стабилноста во Бутел не беа зачувани и тоа Спасовски многу добро го знае. Поради неговите одлуки во оваа скопска населба пред неколку дена се случи вистински хаос и безредие кога група насилници буквално дивееја. Сопартиецот на Зоран Заев покажа дека очигледно нема намера да ги спаси граѓаните од хаос и беззаконие.
Немањето капацитет на Спасовски да раководи со полицијата и некадарноста на партиските лица кои незаконски ги унапреди по неколку позиции во МВР уште еднаш се покажа на дело. Демонстрантите во четвртокот наместо да бидат спречени во вандализмот им беше дозволено да го пробијат безбедносниот периметар, да кршат огради, палат дрвја и узупираат простор.
Само еден ден подоцна, Спасовски пушти полиција кога на местото се собраа жителите Македонци да го искажат револтот од ваквото сквернавење.Тој кажа дека кршењето и сквернавењето на местото каде беа осветени темелите на крстот во Бутел, не било нарушување на јавниот ред и мир.
Ј

Пронајдете не на следниве мрежи: